Римски храм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Римски храм во Ним, Франција, 1 век п.н.е.

Паганска историја и архитектурата[уреди]

  • Првобитно кај римското паганство, templum не бил (или неморал да значи дека е) култен објект туку ритуално одбележан простор за посматрање на природните феномени за кои се верувало дека следат од претскажувањата, како летот на птиците (видете Авгур). Подоцна поимот главно се употребувал за еквивалентот на грчките и другите храмови.
  • Бројот и архитектурата на римските храмови во еден град ја означувал приемчивоста на тој град за вери од другите краишта на светот. Најстарите римски храмови потсетуваат на етрурски храмови, како великиот храм на Капитолското брдо, посветен во 509 п.н.е. на Јупитер, Јунона и Минерва, Капитолската Тријада.
  • Како и етрурските модели, римскиот храм бил подигнат на висок подиум и до него можело да се стигне само со искачување на скали на влезниот дел од храмот, за разлика од аранжманот на грчките храмови, чии скалила биле поставени на сите четири страни. Фасадата исто така се разликувала од грчките модели -- тремот со столбови бил подлабок од тремовите кај речиси сите грчки храмови, со длабочина од 6 столба, и се наоѓал само на предниот, влезен дел на објектот. Ентериерот бил поделен на неколку големи простории за култните статуи.
  • Најимпресивните храмови во Рим биле храмот на Јупитер Капитолинец, таткото на римските божества и Пантеонот. Пантеонот бил изграден помеѓу 117 и 128 н.е. од царот Адријан и бил посветен на сите богови; ова здание го заменило помалиот храм на тоа место изграден од Марко Агрипа. Пантеононт станал црква во 607 и денес е италијански национален споменик, погребалното место на Рафаел и неколку кралеви на обединета Италија.

Фанум[уреди]

Римјаните го користеле зборот фанум за храмовите на сите божества кои не ѝ припаѓале на римската вера.

  • Соодветната латинска придавка е фанатикус - современиот израз сѐ уште го содржи неговото некогашно значење - несогласувањето на римјаните со обожување на туѓи божества.

И покрај тоа за време на царството некои од увезените култови, главно од освоените народи, како персиската Митра и египетските божества како мајката-божица Изида и Серапид (за неговиот фанум се употребувал специфичниот израз серапеум) се здобиле со голема популарност, како што можело да се види од богатите култови. Храмовите на Изида и Серапид во Марсовото поле, изградени од египетски материјали и во египетски стил за сместување на хелеинзираниот култ на египетската божица Изида, се типични за хетерогеноста на подоцнежните римски верски објекти.

  • Со официјализацијата на христијанството како државна религија, храмовите биле збришани. Зборот храм бил пренесен во употреба за цркви и синагоги.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Серијал Римска религија
Функции
Авгур | Фламен | Харуспекс | Понтифекс Максимус | Рекс Неморензис | Жртвен крал | Весталка
Верувања и обичаи
Апотеоза | Фестивали | Погреби | Царски култ | Митологија | Прогонство | Сибилински книги | Храм