Архитектонски поредок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Префинета канонска варијанта на Редовите во гравура за книгата Encyclopédie, Том 18
Архитектонска таблица, Cyclopaedia, 1728

Архитектонскиот поредок — систем од повеќе антички начини на градење кој се одликувал со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од XVI век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: тоскански (римски) и дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); јонски (грчка варијанта) и јонски (римска варијанта); коринтски (грчки и римски) и сложен (римски). Првичните антички архитектонски редови се само три, дорскиот, јонскиот и коринтскиот и биле измислени од грците. На овие римјаните им придодале два, тосканскиот, кој е попрост од дорскиот, и сложениот, кој е поорнаментален, ако не и поубав, отколку коринтскиот. Меѓутоа само првите три реда се одликуваат со вистинска инвентивност и особен карактер, и темелно се разликуваат еден од друг; другите два се одликуваат со позајмени елементи и меѓусебно се резликуваат само случајно. Тосканскиот е всушност дорски ред во најрана фаза, а сложениот е коринтски збогатен со јонскиот. Затоа светот им должи на грците, а не на римјаните, за оваа промисленост и особеност во архитектурата.

Редот на една класична зграда е како стилот или клучот во класичната музика. Утврден е врз база на извесни модули како интервалите во музиката, и затоа покрева извесни очекувања од публиката која е наштимана на неговиот јазик. Редовите се како граматиката или реториката на некоја композиција.

Делови на столбот[уреди]

Столбот се дели на три дела: труп, основа и капител. Кај класичните згради, хоризонталната градба налик на таванска греда се нарекува перваз. Первазот се дели на архитрав, фриз и корниз. За најлесно разликување на разните класични редови треба да се погледне капителот како најсвојствен од елементите.

Целосниот стол и первазот се состојат од неколку различни делови. Стилобатот е рамен плочник на кој се поставуваат столбовите. Врз стилобатот доаѓа плишот,кој е квадратен или кружен блок кој го сочинува најдолниот дел од основата. Нагоре доаѓа остатокот од основата: еден или повеќе кружни ѕидни украси со профили. Чести примери се конвексниот тор и конкавната скотија, одвоени од филае или појаси.

На врвот на основата, оската се поставува вертикално. Трупот по облик е цилиндричен, долг и тесен. Тој често пати се декорирал со веертикални зарези. Трупот е поширок при дното отколку при врвот, заради ентаза, која почнува од третината нагоре. Така, столбот е незабележлино потенок при врвот.

Капителот стои врз трупот. Тој служи како носач на товарот и ја концентрира тежината на первазот, но пред сѐ игра естетска улога. Наједноставниот облик на кепител е дорскиот, кој се состои од три дела. Околувратникот е продолжение на трупот, но визуелно е поделен од еден или повеќе жлебови. Екинусот лежи врз вратникот. Тој е кружен блок кој е испапчен нанадвор кон врвот за да го поддржува абакусот, кој е блок со квадратен или друг облик кој пак го крепи первазот.

Первазот се состои од три хоризнотални слоја, кои се визуелно разделени еден од друг со помош на ѕидни украси или појаси. Трите слоеви на первазот имаат свои називи: архитрав кој е на дното, фриз кој е во средината и украсениот корниз на врвот. Кај римските и постренесансните дела, первазот може да биде свиткан во облик на лак кој се издигнува од столбот кој го крепи.

Мерења[уреди]

Столбовите се мерат по сразмер. Сразмерот е пречникот на трупот при основата спореден со висината на столбот. Така, за дорскиот столб велиме дека е висок 7 пречници, јонскиот 8 пречници и коринтскиот 9 пречници.

Грчки редови[уреди]

Постојат два различни реда кај грчката архитектура: јонски и дорски. Овие два биле земени од Римјаните заедно со, коринтскиот. Меѓутоа коринтскиот капител, бил преиначен од римјаните. Адаптацијата на грчките редови се случила во I век п.н.е. Оттогаш трите грчи реда се користеле кај западната класична архитектура како во античкиот, така и посовремените периоди.

Некои го сметаат дорскиот ред за најстар од сите, но за ова нема докази. Се мсета дека редовите се појавиле истовремено, со тоа што јонскиот се појавил во источна Грција, а дорскиот на запад и на копното.

Двата реда потекнуваат од дрвени столбови. Храмот на Хера во Олимпија е најстариот добро зачуван дорски храм. Изграден е околу 600 п.н.е. дорскиот ред подоцна се раширил низ Грција и дошол до Сицилија каде бил главниот ред за монументална архитектура 800 години.

Дорски ред[уреди]

Главна статија: Дорски ред.
Дорскиот ред на Партенонот

Дорскиот ред потекнува од копнена и западна Грција. Тој е најпростиот од сите редови и се карактеризира со кратки, фацетирани, тешки столбови со неукрасени, округли капители (врвови) и нема сонова. Со само 4-8 пречници во висина, столбовите изгледаат понабиени одколку кај другите редови. Трупот на дорскиот ред е изрежана со 20 жлеба. Капителот се сотои од околувратник кој е едноставен по облик. Екинусот му е конвексен, а абакусот му е квадратен.

Над капителот се наоѓа квадратен абакус кој го врзува капителот со первазот. Первазот е поделен на два хоризонтални регистра од кои долниот е или рамен или поделен со хоризонтални линии. Горниот регистар е карактеристичен за дорскиот ред. Фризот на дорскиот перваз е поделен на триглифи и метопи. Триглифот е единица која се состои од три вертикални појаси кои се разделени со жлебови. Метопите можат да бидат рамни или резбани релјефи.

Грчкиот дорски ред нема своја основа, туку столбот е поставен директно на стилобатот. Кај подоцнежните облици можеме да видиме основи кои се состојат од плиш и тор. Римските варијанти на дорскиот ред имаат помали пропорции. Како резултат на тоа тие изгледат полесни од грчките редови.

Јонски ред[уреди]

Главна статија: Јонски ред.
Јонски капител

Јонскиот ред потекнува од источна Грција, каде делел заеднички особини со сродниот, но малку познатиот Еолски ред. Се препознава по витките, нажлебени столбови со голема основа и два спротивни завоја во екинусот на капителот. Самиот екинус е украсен со мотив од јајца и стрелки. Јонскиот труп има 24 жлеба (4 повеќе од Дорската). Јонската онова има два конвексни тора кои се раздвоени со скотија.

Јонскиот ред исто така се познава по ентазата, кое е свиткано зашилување во трупот. Јонскиот столб е висок 9 пречника. Самиот труп е висок 8 пречника. Архитравот на превазот се состои од три скелсти појаса (fasciae). Фризот ги нема дорскиот триглиф и метопа. Фризот понекогаш е континуиран орнамент од резби.

Коринтски ред[уреди]

Главна статија: Коринтски ред.

Коринтскиот ред е најукрасениот од сите грчки редови и се карактеризира со витка жлебуван труп со богато украсен капител украсен со листови од матрун (акант). Се смета за најелегантниот од сите редови. Највпечатливата каратеристика му е инзвонредниот капител. Коринтскиот капител има изрезбано два реда од листови и четири завои.

Трупот има 24 жлеба. Целиот столб е висок 10 пречника.

Најстарата откриена зграда изградена по коринтскиот ред е споменикот на Лизикрат во Атина. Изграден е од 335 до 334 п.н.е, а бил обмислен од калимах, кој бил грчки вајар од V век п.н.е. Коринтскиот ред добива на значење со делата на римскиот писател Витрувиј во I век п.н.е.

Римски редови[уреди]

Римјаните ги адаптирале сите грчки редови и исто така вовеле и два нови реда, кои во основа се модификација на грчките редови. Римјаните исто така го измислиле надредениот ред. Надредениот ред е кога последователни спратови на една зграда имаат разни редови. Најтечките редови се на дното, а најлесните на врвот. Ова значи дека дорскиот ред бил редот за приземјето, јонскиот за средниот спрат, додека коринтскиот и сложениот ред за најгорниот спрат.

Џиновскиот ред бил измислен во Ренесансата. Овој ред се карактеризира со столбови кои висински опфаќаат два или повеќе спрата.

Тоскански ред[уреди]

Главна статија: Тоскански ред
Тосканскиот ред во книгата „Четири книги за архитектурата“ (Quattro Libri di Architettura) од Андреа Паладио, 1570

Тосканскиот ред е многу прост по дизајн, со мазниот труп и прост капител, основа и фриз. Ова е поедноставена адаптација на дорскиот ред. Тосканскиот ред се карактеризира со нежлебуван труп и капител кој се состои само од екинус и абакус. Пропорциите му се слични на оние на дорскиот ред, но сѐ на сѐ е многу поедноставен. Столбот е висок 7 пречника. Во споредсба со другите редови, тосканскиот ред изгледа најцрвсто.

Сложен ред[уреди]

Главна статија: Сложен ред
Елементи на сложениот ред

Сложениот ред (наречен и композитен ред) е мешан ред, кој ги комбинира завоите на јонскиот со листовите на коринтскиот ред. Сѐ до Ренесансата не се сметал за посебен ред, туку за доцноримски облик на Коринсткиот ред. Сложениот столб е висок 10 пречника.

Изворни дела[уреди]

Прирачникот „Десет книги за архитектурата“ (De Architectura) на римскиот писател Витрувиј е единсвеното пишано дело на тема архитектура кое е зачувано од антиката. По неговото откривање во XV век, Витрувиј веднаш почнал да се смета за врвен авторитет за класичните редови и архитектурата воопшто.

Ренесансните и барокните италијански архитекти ги засновале своите правила на делото на Витрувиј. На ова додадени се правилата за надредување на класичните редови и точните пропорции на редовите до најситен детал.

Модернистички приоди[уреди]

Подоцна ренесансните стриктни правила биле отфрлени и само некои ахитекти низ историјата се држеле стриктно до нив. Меѓутоа многу архитекти ги употребувале класичните редови како што сакале.

Поврзано[уреди]