Срп

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Срп
Сумерски срп за жнеење 3000 п.н.е.. Печена глина

Срп е закривена рачна земјоделска алатка која обично се користела за жнеење житни култури пред да биде измислена современата жетвена машинерија. Се состои од закривено сечило со кратка рачка. Внатрешноста на кривината е остра, така што при замавнување со него по основата на растението, работникот едновремено го го потфаќа и сече растението. Слична на оваа алатка е косата. Највоочливата разлика помеѓу српот и косата е обликот на сечилото - кај косата тоа е поправо, додека кај спрот е повеќе во облик на буквата „С“ со зашилување на крајот, како и должината на рачката.

Во грчката митологија српот е оружје на Хрон и Персеј.

Друга употреба [уреди]

Видете исто така [уреди]

Шаблон:Алатки