Жетва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жетва со комбајн.
Жетва на рака. Русија, 1910

Жетва — постапка на собирање на узреаните посеви од полињата. Чинот на сечење на житарки или зрнести растенија се нарекува „жнеење“[1] и се врши со рачни орудија (коса, срп) или со механизација (жнеалка или комбајн).[2] Жетвата го означува крајот на сезоната на узревање на посевот и истата има големо културно значење во народниот живот во сите земји. Најзчајани се жетварските празници и обичаи во кои се прославува бериќетната година, се благословува земјата и се изразува благодарност.

Кај малите земјопоседници, жетвата се одвива со рачни орудија, а големите полиња се жнеат исклучиво со машини, т.е. автоматизирана земјоделска машинерија како што е комбајнот. Под поимот „жетва“ може да се подразберат и активностите непосредно по сечењето на растенијата како разладување, сортирање, чистење и пакување до моментот кога истите одат за откуп.

Поврзано[уреди]

Портал „Земјоделство

Наводи[уреди]

  1. жетва - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „American Heritage Dictionary“ (IV издание). Boston: Houghton Mifflin Co. 2000. ISBN 0-618-08230-1. 

Надворешни врски[уреди]