Елен

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Елен
Машки и женски
Машки и женски
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Подред: Ruminantia
Фамилија: Cervidae
Подфамилии

Capreolinae/Odocoileinae
Cervinae
Hydropotinae
Muntiacinae

Кај обичниот елен мажјакот се нарекува елен, женката кошута, а младото еленче.

Содржина

[уреди] Изглед

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.

Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.

[уреди] Исхрана

Еленот како преживар се храни со растителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумски ливади и го брсти лисјето на дрвјата и на грмушките, поради што понекогаш може да причини штети врз одделни млади стебла и насади.

[уреди] Размножување

Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај. Оплодената женка раѓа најчесто едно младенче кон крајот на март и април, односно мај, што значи дека го носи околу 240 дена.

[уреди] Распространетост

Централна и јужна Европа, Централна Азија, Северна Америка, Северозападна Африка

Во Македонија е распространет таканаречениот брдски елен. Постојат сигурни докази дека на подрачјето на Р. Македонија се одржал единствено како автохтон вид на планината Кожуф. Инаку еленот по ослободувањето повторно е населен на Пелистер, Караџица, Кадина река и на Јакупица.