Чемпрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чемпрес
Гранче од обичен чемпрес (Cupressus sempervirens) со шишарки
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Иглолисни
Ред: Боровидни
Фамилија: Чемпреси
Род: 'Чемпрес
L.
Видови

во текстот

Чемпрес или кипарис (науч. Cupressus) — род во фамилијата чемпреси (Cupressaceae). Се смета за полифилетска група. Согласно генетските и морфолошките анализи, припаѓа на потфамилијата чемпреси (Cupressoideae).[1][2] Името потекнува од старогрчкиот збор κυπάρισσος (кипарисос).

Во Република Македонија се одгледуваат два вида на чемпрес: обичниот (C. sempervirens) и аризонскиот (C. arizonica). Повардарието е мошне успешно пошумено со овие дрва.[3]

Автохтони се во расејана распределба ширум умерените подрачја на северната полутопка, западот на Северна Америка, Средна Америка, северозападна Африка, Блискиот Исток, на Хималаите, во јужна Кина и во јужен Виетнам. Како и кај другите четинари што се одгледуваат веќе подолго време, чемпресите постојат во многу облици, големини и бои, присутни во паркови и градини ширум светот.[4] Ова се зимзелени дрва или големи грмушки, високи од 5 до 40 м. Леторастите се лушпести, долги од 2 до 6 мм и распоредени во спротивни наизменични парови, траејќи три до пет години. Кај помладите растенија до старост од 2 години, листовите се иглести и долги по 5–15 мм. Шишарките се топчести или јајчести, долги по 8–40 мм и имаат 4 до 14 лушпи распоредени во спротивни наизменични парови. Узреваат на 18–24 месеци со опрашување. Семките се мали, (4–7 мм), со по едно тесно крилце од обете страни на семката.

Доста видови се прилагодени на шумски пожари, чувајќи ги семките во шишарките сè додека не изгори дрвото на кое се наоѓаат. Потоа топлината ги отвора и семињата го населуваат изгорениот простор. Кај други видови, шишарките се отвораат кога ќе узрејат.

Покрај украсната употреба, неколку вида чемпреси се одгледуваат и поради трајното дрво што го даваат.

Видови[уреди]

Девојчиња во калајџиски носии седнати пред чемпреси

Во родот се признаваат од 16 до 25 и повеќе вида, зависно од истражувачот. Овој проблем се јавува бидејќи групите се мали и мошне изолирани, па така не е секогаш јасно дали се работи за видови, подвидови или вариетети. Во најново време се работи на намалување на бројот на видовите.

Старосветски видови[уреди]

Видовите од стариот свет имаат шишарки со повеќе лушпи (8–14, а ретко 6), шри што секоја има краток и широк срт, т.е. не е зашилена. Типски вид на родот е обичниот чемпрес (C. sempervirens).

Новосветски видови[уреди]

Чемпресите од новиот свет имаат шишарки со помалку лушпи (4-8, ретко повеќе), а секоја лушпа има истакнат тенок шилец. Неодамнешните генетски наоди[5] укажуваат на тоа дека тие се поблиско сродство со родовите жолточемпрес (Xanthocyparis) и смрека (Juniperus) отколку со останатите чемпреси. Како такви, од неодамна[6] се префрлени во родот жолточемпрес (Callitropsis, syn. Xanthocyparis). Новосветските видови виреат само во маргинални живеалишта со сушни почви, и затоа покажуваат расцепкана алопатричка шема на застапеност. Ова се случува поради несразмерно месно изобилство, при што највеќето видови се ограничени на мали соседни групи.[6]

Оттука, некои од видовите може да се сметаат и за вариетети. Во загради се дадени прекласификуваните називи.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4.
  2. Gadek, P. A., Alpers, D. L., Heslewood, M. M., & Quinn, C. J. (2000). Relationships within Cupressaceae sensu lato: a combined morphological and molecular approach. American Journal of Botany 87: 1044–1057)
  3. „Чемпрес (Кипарис)“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  4. Eckenwalder, James E. (2009). „Conifers of the world: the complete reference“. United Kingdom: Timber Press. стр. 720. ISBN 0881929743. 
  5. Little, D. P., Schwarzbach, A. E., Adams, R. P. & Hsieh, Chang-Fu. 2004. The circumscription and phylogenetic relationships of Callitropsis and the newly described genus Xanthocyparis (Cupressaceae). American Journal of Botany 91 (11): 1872–1881. Извадок
  6. 6,0 6,1 Little, D. P. (2006). Evolution and circumscription of the true Cypresses. Syst. Bot. 31 (3): 461-480.
  • Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4.
  • Gadek, P. A., Alpers, D. L., Heslewood, M. M., & Quinn, C. J. (2000). Relationships within Cupressaceae sensu lato: a combined morphological and molecular approach. American Journal of Botany 87: 1044–1057. пристап.

Надворешни врски[уреди]