Повардарие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Повардарие е географски, етнографски и административно-политички термин кој се користи за средишниот дел на Република Македонија, односно долината на реката Вардар. Терминот Повардарие се користи за релјефната целина Ниска Македонија, за долината на реката Вардар и населените места во нејзе, а истотака е и име на втората по големина винарска визба во Република Македонија.

Географски терминот Повардарие ја опфаќа долината и течението на реката Вардар од Дервенската Клисура и Скопската котлина се до Гевгелија и границата со Грција, со сите притоки и сите планини и клисури.

Административно и политички Повардарието (Повардарскиот регион) ги опфаќа градовите: Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Дојран и Демир Капија.

Во минатото, таа била исполнета со вода, од три езера, но поради силните тектонски движења тие истекле кон Егејското море. На тој начин се создала композитната долина на Вардар во која се сменуваат повеќе котлини и клисури: Скопската котлина, таорска клисура, велешка котлина, велешка клисура,тиквешка котлина, демиркаписка клисура, гевгелиско-валандовската котлина и циганска клисура. по должината на реката вардар навлегуваат медитерански климатски влианија, така што климата е потопла цела година, а во котлините има претежно плодни почви погодни за одгледување разни земјоделски култури.