Средна Америка
Средна Америка е централниот географски регион на Америка. По варијабилна дефиниција, регионот се простира на јужниот дел од континентот Северна Америка.
Содржина |
Физичка географија [уреди]
Физичкогеографски, Средна Америка е тенок истмус на јужниот дел од Северна Америка, протегајќи се од Истмусот Техуантепек во Мексико, па југоисточно до Панамскиот Истмус, каде се поврзува со колумбиските пацифички низини во северозападна Јужна Америка. Средна Америка има површина од 523,000 km2. Тихиот Океан лежи на југозапад, Карипското Море лежи на североисток и Мексиканскиот Залив лежи на север.
Поголем дел од Средна Америка се наоѓа на Карипското Плато. Регионот е геолошки активен, со повремени вулкански ерупции и земјотреси. Во 1931 и 1972, земјотресите ја уништија Манагва, главниот град на Никарагва. Плодните почви од вулканска лава во земјоделски продуктивните планински области се основната дејност на тамошното население.
Општествена географија [уреди]
Геополитички, Средна Америка традиционално се состои од следните земји:
- Континентални држави
- Островски земји
Антигва и Барбуда
Бахами
Барбадос
Гренада
Доминика
Доминиканска Република
Јамајка
Куба
Свети Кристофер и Невис
Света Луција
Свети Винцент и Гренадините
Тринидад и Тобаго
Хаити
Според горната дефиниција, Средна Америка во 2006 има вкупно население од 39,267,000 жители. Целосно или делумно, Мексико е вклучено во Средна Америка под различни дефиниции. Обединетите Нации го вклучуваат Мексико во неговиот подрегион на Средна Америка, дефиниран како сите копнени држави на Северна Америка јужно од САД. Некои географи тука ги вклучуваат и југоисточните мексикански држави Кампече, Чијапас, Квинтана Ру, Табаско и Јукатан. Европската Унија не ги вбројува Белизе и Мексико во оваа дефиниција.
Панамскиот Канал, 77-километарски канал низ Истмусот Панама, ги поврзува Карипското Море од Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Иако физичкогеографски е трансконтинентална нација, само Панама (вклучувајќи го сегментот источно од Панамскиот Канал) често е сметана за дел на Северна Америка.
Историја [уреди]
- Главна статија:Историја на Средна Америка.
Порано постоела нација на Средна Америка во раниот 19 век која се состоела од сегашните нации Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Никарагва и Костарика (и дел од современата мексиканска држава Чијапас). Овој состав од територии понекогаш бил познат како Обединетите Провинции на Средна Америка или Обединети Држави на Средна Америка.
Население [уреди]
Во Средна Америка жиевеат околу 191 милин жители. Населението, главно, е разместено во континентално-приморските земјии во островските држави на Големите Антили. Во другите островски држави големината на територијата и бројот на населението се незначителни и се движат од неколку илјади до неколку стотини илјади.
| држава | главен град | површина (кm²) | население проценка на ООН |
|---|---|---|---|
| Сент Џон | 442 | 85.632 | |
| Насау | 13.878 | 330.000 | |
| Бриџтаун | 431 | 279.000 | |
| Белмопан | 22.966 | 322 000 | |
| Сент Џорџ | 344 | 110.000 | |
| Гватемала | 108.890 | 13.276.517 | |
| Розо | 754 | 72.660 | |
| Санто Доминго | 48.730 | 9.378.818 | |
| Сан Салвадор | 21.040 | 7.100.000 | |
| Кингстон | 10.991 | 2.804.332 | |
| Сан Хозе | 51.100 | 4.608.426 | |
| Хавана | 110.861 | 11.451.652 | |
| Мексико | 1.972.550 | 112.322.757 | |
| Манагва | 130.373 | 5.891.199 | |
| Панама | 75.517 | 3.405.813 | |
| Бастер | 261 | 42.696 | |
| Кастри | 620 | 173.765 | |
| Кингстаун | 389 | 120.000 | |
| Порт оф Спејн | 5.128 | 1.305.000 | |
| Порт-о-Пренс | 27.751 | 10.033.000 | |
| Тегусигалпа | 112.492 | 7.810.848 |
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Средна Америка“ |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||