Светско наследство на УНЕСКО

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вo Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО влегуваат објекти (например гори, планина, езеро, пустина, зграда, град), номинирани и одобрени по меѓународната програма за светското наследство на Комисијата за светско наследство на УНЕСКО.

Програмата има за цел да каталогизира, именува и зачува објекти со културно и природно значење за општото наследство на човечкото наследство. Во определени услови, објектите од списокот можат да бидат финансирани од страна на Фондот за светско наследство. Програмата е создадена со Конвенцијата за зачувување на светското културно и природно наследство, која е подржана од генералната конференција на УНЕСКО на 16 ноември 1972. Одтогаш па се до денес, 183 држави ја ратифицирале конвенцијата. Во 2013 година во списокот имало вкупно 981 објект: 759 културни, 193 природни и 29 со „мешано“ значење, и тоа од 160 држави кои се членки на Конвенцијата. УНЕСКО на секој објект од списокот му дава идентификационен број.

Во Македонија, природното и културното богатство на Охридскиот регион е вклучено во списокот на УНЕСКО.

Критериуми за избор на светското наследство[уреди]

Номинираните места треба да бидат од „извонредна универзална вредност“ и да исполнуваат барем еден од следниве десет критериуми.[1]

Критериуми за културно наследство[уреди]

  • (i) „претставува ремек дело на човечкиот творечки гениј“
  • (ii) „покажува важна размена на човечките вредности во определен распон на време, или во рамките на културен регион во светот, за развојот на архитектурата или технологијата, монументалната уметност, урбанизмот или дизајнирањето на пејзажи“
  • (iii) „сноси уникатно или исклучително сведоштво за културна традиција или цивилизација која сè уште постои или исчезнала“
  • (iv) „претставува извонреден пример за определен тип на градба, архитектонска или технолошка целина, или пејзаж кои илустрираат значајна фаза од човечката историја“
  • (v) „претставува извонреден пример на традиционална човечка населба, користење на земјиштето или користење на морето, кои се показатели за култура или човечка интеракција со средината, особено кога таа стана ранлива под влијание на неповратни промени“
  • (vi) „е директно или видливо поврзано со настани или живи традиции, со идеи, или со верувања, со ликовни или литературни творби со извонредно универзално значење“

Критериуми за природно наследство[уреди]

  • (vii) „содржи врвен природен феномен или области со исклучителна природна убавина и естетска важност“
  • (viii) "is an outstanding example representing major stages of Earth's history, including the record of life, significant on-going geological processes in the development of landforms, or significant geomorphic or physiographic features"
  • (ix) „e извонреден пример кој претставува значајни тековни, еколошки и биолошки процеси во еволуцијата и развојот на копнени, слатководни, крајбрежни и морски екосистеми и заедници на растенија и животни“
  • (x) "contains the most important and significant natural habitats for in-situ conservation of biological diversity, including those containing threatened species of outstanding universal value from the point of view of science or conservation"

Список на светско наследство во светот[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Criteria for Selection“. World Heritage. http://whc.unesco.org/en/criteria/. конс. 14 октомври 2006.