Охрид
Поглед на стариот дел од градот |
|
| Mестоположба | |
Охрид на картата на Македонија |
|
|
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2) |
|
| Општи податоци | |
| Име: | |
| Поштенски бр.: | 6000 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 046 |
| Автомобилска ознака: | OH |
| Портал: | ohrid.gov.mk |
| Историја | |
| Управа | |
| Држава: | |
| Регион: | |
| Општина: | |
| Градоначалник: | Никола Бакрачески |
| Географија | |
| Надм. височ.: | 695-740 м |
| Население | |
| Население: | 42.033 |
| Образование: | |
Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.[1] Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнидос.
Содржина |
Потекло на името [уреди]
Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.[2]
Историја [уреди]
Античка историја [уреди]
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (латински: Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Средновековна историја [уреди]
Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
| Природно и културно богатство на Охридскиот регион* | |
|---|---|
| Светско наследство на УНЕСКО | |
|
|
|
| Држава | |
| Тип | Мешан |
| Критериуми | i, iii, iv, vii |
| Навод | 99 |
| Регион** | Европа и Северна Америка |
| Записно минато | |
| Запис | 1979 (3то заседание) |
| Продолжетоци | 1980 |
| * Име според официјален запис на списокот. ** Регион според класификацијата на УНЕСКО. |
|
Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.
Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Османлиско ропство [уреди]
Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македониjа да ја наложи своjата власт.
Во 1767 година била укината Охридската архиепископија.
Основањето на првиот комитет на ТМОРО во Охрид се случило во август 1894 година. Пролетта 1901 година се пристапило кон создавање на чета со враќањето на неколкумина печалбари. За време на Илинденското востание во Охридско се воделе непрекинати борби во текот на целиот месец август, 1903 година. Во време на востанието во Охридско имало 31 борба. Четите од Илинденското востание својата борба ја продолжиле и во текот на Младотурската револуција во 1908 година.
Современа историја [уреди]
Охридската околија за време на Првата Балканска војна била поделена од страна на Србија и Бугарија на два дела: еден кој припаднал под српска власт и друг чиј статус требало да се решава по крајот на војната. Српската војска во Охрид влегла на 22 ноември 1912 година. Во војната се вклучиле и голем број Охриѓани со надеж дека Македонија ќе биде ослободена.
За време на Првата Светска војна, Охрид и охридско потпаднале под бугарска власт. За време на оваа окупација извршени се бројни ограбувања и однесени се предмети, книги и друго материјално богатство што се векови сведочело за достигнувањата на Охридската Архиепископија. По пробивот на Македонскиот фронт во септември 1918 година, силите на Антантата ги поразиле бугарската и германската војска, така што тие ја напуштиле Македонија.
Охрид за време на Втората Светска војна се наоѓал под бугарска окупавија. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, бидејќи под притисок на германските сили тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили ноќта меѓу 7 и 8 ноември градот е ослободен.[3]
Во 1958 година се црквата „Света Софија“ бил одржан Вториот македонско црковно-народен собор на кој била донесена одлука за возобновување на Охридската Архиепископија и истата да го носи името Македонска Православна Црква. На Третиот македонски црковно-народен собор, кој исто така се одржал во црквата „Света Софија“ во 1967 година била донесена одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква.
Географија [уреди]
Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во Охридско-Струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.
Население [уреди]
Според последниот попис од 2002 година, во градот Охрид живеат 42.033 жители[4] , од кои:
- Македонци 33.791 (80,39%)
- Албанци 2.959 (7,03%)
- Турци 2.256 (5,36%)
- Роми 69 (0,16%)
- Власи 308 (0,73%)
- Срби 331 (0.78%)
- Бошњаци 29 (0.06%)
- останати 2.290 (5.44%)
Религија [уреди]
Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“[5]. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти - џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската Епархија на МПЦ.
Згради и музеи [уреди]
Турскиот патеписец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.
Цркви и манастири [уреди]
- Катедралата Света Софија (XI век)
- Црквата Св. Јован Канео (XIII век)
- Црквата Св. Климент и Св. Пантелејмон во Плаошник
- Црквата Св. Богородица Перивлепта
- Црквата Св. Богородица Каменско
- Црквата Св. Ѓорѓија
- Црквата Св. Богородица Захумска
- Црквата Св. Наум
- Црквата Св. Петка
- Црквата Св. Стефан
- Многу ранохристијански базилики како на пр. Базиликата на Св. Еразмо (4-ти век)
Тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи и музеи [уреди]
- Самуиловата тврдина (X/XI век)
- Галерија на икони-Охрид
- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов
- Музеј на словенската писменост (XVIII век)
- Антички амфитеатар
- Спомен-куќата на Григор Прличев
- Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник
Археолошки остатоци [уреди]
Годишни настани [уреди]
- „Прличеви Беседи“ – Денови на поетот Григор Прличев
- „ЕКО Фестивал“
- Mеѓународен фестивал од областа на екологијата и културниот туризам
- Ден на Охридското Езеро
- Балкански Фестивал на народни песни и игри
- Охридско Лето – Mеѓународна музичко-сценска манифестација
- Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
- Охрид фест – Фестивал на фолк и поп музика
Спорт [уреди]
Спортски клубови [уреди]
- Веслачки клуб "ЈУГ"
- Кајак-кану клуб "Стрмец"
- Кајак клуб "Рибар"
- Кајак клуб "Пештани"
- Едриличарски клуб АМАК СП "Бофор"
- Спортско - риболовен клуб "Св.Апостол Петар"
- Пливачки - ватерполо клуб "Охридски Бранови"
- Ракометен клуб "Св. Климент Охридски"
- Фудбалски клуб "Охрид 2004"
- Фудбалски клуб "Воска 2002"
- Фудбалски клуб "Лескоец"
- Фудбалски клуб "Рудар"
- Фудбалски клуб "Борец’
- Женски кошаркашки клуб "Профитнес"
- Машки кошаркашки клуб "АМАК-СП"
- Атлетски клуб "Охрид"
- Боксерски клуб "Охрид"
- Тениски клуб "Охрид"
- Стрелачки клуб Охрид
Спортски манифестации [уреди]
- Интернационален охридски пливачки маратон – дел од Светскиот пливачки Куп; Патека “Климе Савин” Св. Наум – Охрид.
- Мал охридски пливачки маратон; патека Горица – Охрид.
- Меѓународна едриличарска илинденска регата.
- Илинденска веслачка регата
Инфраструктура [уреди]
Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга - Кичево - Скопје. Должината на полетно - слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно - слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вака поставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром за покриеност и на општините: Ресен, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторна покриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот 1997 - 2003, се добива податок дека се искористува приближно 40% од расположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.
Во Охрид има една Автобуска станица каде што се одвива локалниот, меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници. Во 2002 се превезени скоро 2 милиона патници.
Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 Охрид-Битола-Скопје со должина од 235 км и регионалните патишта Р501, Охрид-Св. Наум, 29 км. и Р420, Охрид-Струга, 14 км.
Градот Охрид располага со паркиралишта од затворен и отворен тип. Ги има 6 со затворен тип и поголем број од отворен тип. На територија на Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” – на државната граница со Република Албанија.
Охрид има издадена лиценца на околу 260 такси -возила и 91 комби-возило и минибуси преку кои се одвива локалниот и меѓуопштинскиот превоз на патници.
Постојат и две царински и шпедитерски терминали и тоа: Царински и шпедитерски терминал - Охрид и Царински и шпедитерски терминал - Аеродром Охрид.
Места во охридската област [уреди]
Родени во Охрид [уреди]
- Константин Робев (1818 – 1900)
- Димитар Робев (1822 – 1890)
- Григор Прличев (1830 - 1893)
- Анастасиос Пихеон (1836-1912) - грчки револуционер
- Стефан Робев (1842 – 1880)
- Наум Спространов (1851 – 1887)
- Климент Бојаџиев (1861 - 1933) - Генерал мајор од Бугарската армија
- Антон Кецкаров (1865 - 1945)
- Климент Џеров (1867 - 1916) - Генерал мајор од Бугарската армија
- Александар Протогеров (1867 - 1928) - Генерал мајор од Бугарската армија
- Евтим Спространов (1868-1931)
- Георги Баласчев (1869 - 1936)
- Стефан Јакимов Дедов (1869 - 1914)
- Методи Патчев (1875 - 1902)
- Кирил Прличев (1875 - 1944)
- Христо Узунов (1878 - 1905)
- Коста Абраш (1879 - 1898)
- Иван Снегаров (1883 - 1971)
- Спас Банџов (1904 - 1942)
- Димче Коцо (1910 - 1993)
- Андон Дуков (1913 - 1944)
- Иван Точко (1914 - 1973)
- Борис Бојаџиски (1915 - 1959)
- Димче Маленко (1919 - 1990)
- Димче Јанко (1919 - )
- Славе Филев (1924 - 1999)
- Видое Видичевски (1931 - )
- Димитар Пандев (1958 - )
- Драган Спасески (1960 - )
- Виолета Ачкоска (1954 -)
- Мишо Јузмески (1966 - )
Збратимени градови [уреди]
Градот Охрид е збратимен со градовите:[6]
Следниве градови имаат потпишано протокол за соработка со Охрид:[6]
Галерија [уреди]
-
Поглед на Самулиовата тврдина од езерото
-
Црквата Св. Јован Канео
-
Поглед кон Плаошник и Охридското Езеро
-
Поглед кон Канео и Охридското Езеро
Наводи [уреди]
- ↑ Весник Дневник - Интервју со амбасадорот на Израел во Македонија
- ↑ Миладиновци (1962). „Зборник“. Кочо Рацин. стр. 480.
- ↑ „Охрид низ историјата. Охрид за време на Втората Светска војна“. www.ohrid.org.mk. http://www.ohrid.org.mk/mk/istorija/ww2.htm.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18.
- ↑ Огледалото на македонскиот дух, 2004, ISBN-10: 9989730385, стр 72: "... и Македонија во катедралната црква Св. Софија во македонскиот Ерусалим - Охрид. 72 ..."
- ↑ 6,0 6,1 „Пријателски и збратимени градови“. Општина Охрид. http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=60.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Охрид“ |
- Официјално мрежно место
- ЈНУ Хидробиолошки институт - Охрид
- Охрид Инфо & Туризам Портал
- Охрид Прес
- Елшани
- Велгошти
|
|||||||
|
|||||
|
|||||||