Михајло Пупин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Михајло Пупин
Портрет на Михајло Пупин
Роден 4 октомври 1858
Идвор, Србија (тогаш Австроунгарија)
Починал 12 март 1935
Њујорк, САД
Националност Србин
Познат физичар, електротехничар, пронаоѓач

Михајло Пупин (Идвор, 4 октомври 1858 - Њујорк, 12 март 1935) бил знаменит великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особен придонес во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.

Бил професор по физика и математика на Колумбија во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рентгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За својата научна дејност посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење.

Биографија[уреди]

Во родното место завршил oсновно училиште, а потоа 5 класа гимназија во Панчево на германски јазик, бидејќи тој крај се наоѓал под австроунгарска власт. Бунтовен, со немирен дух, поради учеството во демонстрациите против австроунгарските власти, бил принуден да ја напушти гимназијата во Панчево и по совет на својата мајка, заминал да се школува во Прага. Но тука, разочаран од наставниците и поради недостиг на материјални средства, на полугодието од седмиот клас, го напуштил училиштето и во 1874 година, преку Хамбург, кога имал само 20 години, заминал за Америка, во САД.

Во САД, Михајло Пупин 5 години работел како чувар на магацин, физички работник, како бојадисувач на коли, молер, и како ложач во една фабрика за бисквити во Њујорк. Во исто време започнал да посетува и вечерно училиште, како подготовка за приемниот испит на колеџот Колумбија, што потоа есента 1879 година го положил со одличен успех. Дипломирал за 4 години како најдобар студент, примил американско државјанство, и како професор по уметност, пак продолжил да студира.

Професионална кариера[уреди]

Студирал првин со стипендија на студии по математика и теориска физика во Кембриџ, Англија. Потоа, откако добро ги проучил делото на Максвел, продолжил да студира физика во Берлин. Во соработка со Херман Хелмхолц, кај него уште повеќе се развиле експериментаторските желби и способности. Под негово менторство докторирал со одличен успех, на тема „Осмотичкиот притисок и неговиот однос кон слободната енергија“.

Како доктор на науки, во 1889 година Михајло Пупин пак се вратил во Њујорк и станал професор по математичка физика на Катедрата за електротехниката на и Управник на Електротехнички институт на Универзитет Колумбија. Во таа лабораторија тој реализирал 25 извонредно значајни патенти, кои денес се уште се фундаменти во соодветната технологија.

Од неговиот особено значен придонес во областа на физиката, доволно е ако се споменат само енциклопедиските единоци именувани според неговото име, како што се Пупиновата теорија, Пупиновите калеми, Пупинизацијата.

Признанија[уреди]

Во текот на својот работен и животен век д-р Пупин добил многу почести, награди и признанија. Бил претседател на Американскиот институт на радиоинженерите и претседател на АИЕЕ (Американски Институт на електроинженери), прв човек на Американсаката асоцијација за унапредување на науката и на Њујоршката академија на науки, како и член на Француската и на Српската академија на науки.

Во 1920 година го доби Едисоновиот медал на АИЕЕ за својата работа во математичката физика и нејзината примена во електричната трансмисија. Една сала во Универзитетот во Колумбија и многу лаборатории во другите универзитети во САД го носат неговото име. Во негова чест на Месечината е именуван кратерот Пупин. Во 1946 година во тогашна Југославија е основан Институт „Михајло Пупин“ за инженеринг и технолошки истражувања.

Покрај разните одликувања, му биле доделени дури 18 почесни докторати на разни универзитети. Пупин бил член на повеќе Академии на науки и претседател на Академијата на науките во Њујорк. Со светска слава се здобил и со неговото автобиографско дело „Од емигрант до пронаоѓач“ за која ја добил најугледната американска Пулицерова награда за книжевност. Во знак на признание на Михајло Пупин, голем број угледни институции во светот и на поранешните Југословенски простори го носат неговото име.

Патенти[уреди]

Пупин има објавено околу 70 технички статии и извештаи[1] и 34 патенти.[2]

Патенти објавени во САД[3][4]

Број на патент Назив на патент Назив на англиски јазик]] Датум на објавување
519.346 Апарат за телеграфски и телефонски пренос Apparatus for telegraphic or telephonic transmission 8 мај 1894.
519.347 Трансформатор за телеграфски, телефонски или други електрични системи Transformer for telegraphic, telephonic or other electrical systems 8 мај 1894.
640.515 Техника на дистрибуција на електрична енергије со помош на наизменични кола Art of distributing electrical energy by alternating currents 2 јануари 1900.
640.516 Електричен пренос со резонантни кола Electrical transmission by resonance circuits 2 јануари 1900.
652.230 Техника на намалување на слабеењето на електричните бранови и апарати за тоа Art of reducing attenuation of electrical waves and apparatus therefore 19 јуни 1900.
652.231 Метод на намалување на слабеењето на електричните бранови и апарати за тоа Method of reducing attenuation of electrical waves and apparatus therefore 19 јуни 1900.
697.660 Машина за намотување Winding-machine 15 април 1902.
707.007 Повеќекратна телеграфија Multiple telegraphy 12 август 1902.
707.008 Повеќекратна телеграфија Multiple telegraphy 12 август 1902.
713.044 Производство на асиметрични струи во симетричен наизменичен електромотивен процес Producing asymmetrical currents from symmetrical alternating electromotive process 4 ноември 1902.
768.301 Безжичен пренос на електрични сигнали Wireless electrical signalling 23 август 1904.
761.995 Апарат за намалување на слабеењето на електричните бранови Apparatus for reducing attenuation of electric waves 7 јуни 1904.
1.334.165 Пренос на електрични бранови Electric wave transmission 16 март 1920.
1.336.378 Антена со дистрибуиран позитивен отпоро Antenna with distributed positive resistance 6 април 1920.
1.388.877 Звучен генератор Sound generator 3 декември 1921.
1.388.441 Мултипл антена за пренос на електробранови Multiple antenna for electrical wave transmission 23 декември 1921.
1.415.845 Селективна спротивна импеданција на примените електрични осцилации Selective opposing impedance to received electrical oscillation 9 мај 1922.
1.416.061 Радиоприемен систем со висока селективност Radio receiving system having high selectivity 10 мај 1922.
1.456.909 Бранов проводник Wave conductor 29 мај 1922.
1.452.833 Апарат за селективно појачување Selective amplifying apparatus 24 април 1923.
1.446.769 Апериодичен пилотен проводник Aperiodic pilot conductor 23 февруари 1923.
1.488.514 Апарат за селективно појачување Selective amplifying apparatus 1 април 1923.
1.494.803 Електрично нагодување Electrical tuning 29 мај 1923.
1.503.875 Тонски радиоприемник Tone producing radio receiver 29 април 1923.

Пупин и Македонија[уреди]

Семејните корени на Пупин се во село Нича, Москополе, денешна Албанија. Семејството, со јасно изразени влашки чувства, во потрага по подобар живот се преселило во Вевчани, а од таму повеќето членови од големото сточарско семејство, меѓу кои и неговите родители Константин и Олимпијада, заминале во банатското село Идвор во Србија. По смртта на неговата мајка, за време на неговиот престој во Германија, Михајло Пупин основал фондација која била наменета за помогање при школувањето на деца од Србија и Македонија. Таа фондација била неменета да го зачува споменот на неговата мајка.[5]

Во неговата политичка активност на Париската мировна конференција (1919) Михајло Пупин се залагал и дал допринос за создавање на Југославија како заедничка држава на Јужните Словени во тогашните воспоставени граници (границите на Кралството СХС). Во меѓувреме, тој лично пратил писмо до американскиот претседател Вудро Вилосон, каде ги објаснил границите и етничките карактеристики на Далмација, Словенија, Истра, Банат, Меѓимурје, Барање и Македонија.[5]

Михајло Пупин гаел особена љубов кон Македонија и Охрид, каде давал ѕвонци како поклони на охридските цркви, основал фонд за помош на сиромашното население и сл. Во 1913 година била основана фондацијата „Олимпијада Пупин“ во рамките Српската Академија на Науки и Уметности, која давала помош при образованието на децата од Србија и Македонија. Во чест на Пупин, уште во 1930-те години една улица го носела неговото име.[5]Според кажувањето на неговите потомци, тој ја ја афирмирал посебноста на Македонија и на македонскиот народ и се залагал за автономија на Македонија.[6] Освен тоа, особено значајно било и неговото донаторство и добротворство во Македонија.

Во негова чест во Вевчани е отворен Спомен-дом на Михајло Пупин. Семејната куќа на родот Пупин, изградена во средината на 19 век, е целосно обновена и сега е сместувачко-угостителски објект со музејска поставка за животот и делото на Пупин.

Литература[уреди]

  • С. Бокшан, Михајло Пупин и његово дело, Научна издања Матице српске, Нови Сад, 1951 (српски)
  • С. Гвозденовић, Чикаго, Америка и Видовдан, Савез Срба у Румунији-Српска Народна Одбрана, Темишвар-Чикаго, 2003 (српски)
  • Ј. Николић, Фељтон Вечерњих новости, галерија српских добротвора, 2004 (српски)
  • П. Радосављевић, Идворски за сва времена, НИН, Бр. 2828, 2005 (српски)
  • Р. Смиљанић, Михајло Пупин-Србин за цео свет, Едиција – Срби за цео свет, Нова Европа, Београд, 2005 (српски)
  • Саво Б. Јовић, Христов светосавац Михајло Пупин, Издавачка установа Св. арх. синода, Београд, 2004 (српски)
  • Edward Davis, "Michael Idvorsky Pupin: Cosmic Beauty, Created Order, and the Divine Word." In Eminent Lives in Twentieth-Century Science & Religion, ed. Nicolaas Rupke (Frankfurt: Peter Lang, 2007), pp. 197–217. (англиски)
  • Michael Pupin, "From Immigrant to Inventor" (Charles Scribner's Sons, 1924) (англиски)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]