Историја на уметноста

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на уметност се однесува на визуелната уметност која може да се дефинира како секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот. Низ времето уметноста е класифицирана на различни начини, од средновековното разликување помеѓу либерална уметност и механичка уметност, до современата разлика меѓу ликовна и применета уметност или многуте современи дефиниции кои ја дефинираат уметноста како манифестација на човечката креативност. Подоцнежното проширување на списокот на главна уметност во 20 век, достигна до 9- архитектура, танц, скулптура, музика, сликарство, поезија (што е опишана во голема мера како форма на литературата со естетска цел или функција која исто така вклучува различни жанрови на театар и расказ), филм, фотографија и стрипови. Во концептуалното преклопување на одностот меѓу ликовната и визуелната уметност беа додадени дизајнот и графичката уметност. Во прилог на старите форми на уметничкото изразување како модата и гастрономијата, нови начини на изразување кои се сметаат за уметност се видеото, компјутерската уметност, перформансите, рекламата, анимацијата, телевизијата и видео игрите.

Создавањето на Адам (1508-1512, Микеланџело,Сикстинската Капела (Ватикан)

Историјата на уметноста е мултидисциплинарна наука, која бара објективно испитување на уметноста низ времето, ги класифицира културите, создава периодизации и ги набљудува специфичните и влијателни одлики на уметноста. Изучувањето на историјата на уметност првично е развиено во ренесансниот период, со својот ограничен опсег како уметничко производство на западната цивилизација. Меѓутоа како што поминува времето, се воведува поширок поглед на уметничка историја, барајќи сеопфатен преглед на сите цивилизации и анализа на уметничката продукција во смисла на сопствените културолошки вредности (културолошки релативизам), а не само западна историја на уметност. Денес уметноста располага со широка мрежа на изучување, распространетост и заштита на целото уметничко наследство на човештвото низ историјата. 20 век го доживеа зголемувањето на институции, фондации, музеи и галерии во обете јавни и приватни сектори, посветени на анализата и каталогизацијата на уметнички дела како и изложби наменети за мејнстрим публиката. Подемот на медиумите е од клучно значење во подобрувањето на науката и распространувањето на уметноста. Мегународните настани и изложби како што се Витни Биеналето и Венецијанското биенале и Сао Паоло или Документа во Касел, придонесоа за развојот на нови стилови и трендови. Наградите како Тарнер на Тејт галеријата, Волф Награда за Уметност, Прицкеровата Награда за архитектура, Пулицеровата на фотографија и Оскар на киното исто така го промовираат најдоброто творештво на меѓународно ниво. Институции како УНЕСКО, преку воспоставување на Списокот на Светско Наследство, исто така помагаат за зачувување на главните споменици на планетата.

Праисторија[уреди | уреди извор]

Вилендорфската Венера

Човечката уметност веројатно потекнува од почетокот на човечката еволутивна праисторија. Многу рано, во човечката еволуција од силите на природната селекција биле создадени неколку форми на аудио и визуелна уметност (ритмичко пеење и удирање на тапан на надворешни предмети, танцување и цртање на тело и лице) со цел да се постигне променета состојба на свест. Во оваа состојба на таканаречен борбен транс, хоминидите и раните луѓе ја губеле нивната индивидуалност и барале нов колективен идентитет, каде не чувствувале страв или болка и биле религиозно посветени на интересите на групата со целосно игнорирање на нивната поединечна сигурност и живот. Оваа состојба била потребна за да се одбранат раните хоминиди од грабливците и да се земе храната од агресивните мршојадци. Ритуалните активности коишто вклучувале тешка ритмичка музика, ритмичка вежба понекогаш придружени со танц и цртање на телото, биле општоприфатени во традиционалните култури пред лов или воени дејствија со цел да ги доведе до одредена изменета состојба на свест и да го подигне моралот кај учесниците. Првите материјални артефакти се пронајдени од каменото доба (доцен палеолит, мезолит и неолит), периоди кога се појавуваат првите демонстрации од страна на луѓето кои можат да се сметаат за уметност. За време на палеолитот (25 000-8000 п.н.е.) човекот го практикувал ловот и живеел во пештери, каде било развиено пештерското цртање. По периодот на транзиција (мезолит, 8000-6000 п.н.е.) во неолитот (6000-3000 п.н.е.)кога човекот станал седентарен и започнал со применување на земјоделството, а општествата станувале се покомплексни и религијата се позначајна, започнало производството на ракотворби. Конечно во бронзеното доба (3000-1000 п.н.е.) се појавуваат првите праисториски цивилизации.

Палеолит[уреди | уреди извор]

Првата уметничка манифестација во палеолитот се појавуваа во 25,000 п.н.е., достигнувајќи го својот врв во магдаленскиот период (+- 15,000-8000 п.н.е.). Првите траги на предмети создадени од човекот се појавуваат во јужниот дел на Африка, Западен Медитеран, Средна и Источна Европа (Јадранско Море), Сибир (Бајкалското Езеро), Индија и Австралија. Главно како преработен камен (кремен, опсидијан), дрво или коскени орудија. За да се наслика со црвена боја се користел железен оксид, за црна, манган оксид и за окер, глина. Преживеаната уметност од овој период се мали резби на камен или сликање на коски или во пештери, посебно од Франко-Кантабринската област; постојат слики со магично-религиски карактер и слики со натуралистичка смисла кои прикажуваат животни, особено во пештерите на Алтамира, Тројца Браќа, Шове и Ласко.Скулптурата е претставена преку т.н. украсни статуетки на Венера, женски статуетки кои веројатно се користеле во култови за плодност како што е Вилендорфската Венера. Други дела од овој период се Човекот од Брно и Венера од Брасемпој.

Неолит[уреди | уреди извор]

Пештерски цртеж од Ел Когул

Овој период од приближно 8000 п.н.е. на Блискиот Исток- бил длабока промена за античкиот застојан човек, кој се ангажирал околу земјоделството и сточарството, па се развил нов период на социјален соживот и религија.Карпестата уметност од Пиринејскиот средоземен слив – што датира помеѓу мезолитот и неолитот- содржи мал, шематски човек и статуетки, со забележливи примери во Ел Когул, Валторта, Алпера и Минатеда. Овој вид на сликање е сличен и во северна Африка (Атлас, Сахара) и во областа на современиот Зимбабве. Неолитското цртање било шематско,сведено на основни потези (човек во форма на крст и жена во триаголен облик). Постојат подеднакво забележливи пештерски цртежи кај реката Пинтурас во Аргентина, посебно Пештера на рацете. Во преносната уметност се правело Кардиум грнчарство, украсено со отпечатоци на школки. Се правеле и нови материјали како килибар, кристал од карпа, кварц, јаспис итн. Во овој период се појавуваат првите траги употреба на урбанистички планиметар, истакнувајќи ги остатоците во Тел ас-Султан (Ерихон), Џармо (Ирак) и Каталоик (Анадолија).

Бронзено Доба[уреди | уреди извор]

Последната праисториска фаза е бронзеното доба, со употребата на елементи како бакарот, бронзата и железото што се покажале како голема материјална трансформација за овие антички општества. Во бакарната доба се појавил мегалитот, камени споменици односно долменот и менхирот или англискиот круг од исправени мегалити, како во прекрасниот комлекс на Стоунхенџ. Во Шпанија е формирана Лос Миларес културата, окарактеризирана преку Културата на Пехари и насликани човечки фигури со големи очи. Во Малта, забележливи се комплексите на храмови на Мнаџра, Тарксиен и Гантија. На Балеарските Острови се развиваат забележливи мегалитски култури, со различни типови на споменици: навета-гробница во облик на скратена пирамида со со издолжена одаја; таула- два големи камења, едниот поставен вертикално и другиот хоризонтално едно над друго; и талаиот- кула со покриена комора и лажна купола. Во времето на железното доба, културите на Халстат (Австрија) и Латен (Швајцарија) ги одбележуваат значајните фази во Европа. Првата се развива помеѓу 7 и 5 век п.н.е. со некрополата со тумулски гробови и дрвена гробна одаја во форма на куќа,често придружени од количка со четири тркалца. Керамиката е со геометриски декорации и поставки од метални орнаменти. Латенот се развива помеѓу 5-ти и 4 век п.н.е. и е попознат како рана Келтска уметност.Се прават многу железни редмети како мечеви и копја кои не траеле многу, но бронзата продолжува да се користи за декорирање на штитови, фибули и други предмети во различни етапи во еволуцијата на стилот (Латен I,II и III). Начинот на декорирање потекнува од грчката, етрурската и скитската уметност. Доаѓањето на Римското Царство го доведува овој стил до својот крај на повеќето континенти.

Древна уметност[уреди | уреди извор]

Фибула од Митот за потопот од Епот за Гилгамеш

Во првиот период на историјата, уметноста го открива пишувањето основано од страна на големите цивилизации на Блискиот Исток: Египет и Месопотамија. Овој период се разликува од другите бидејќи уметничките манифестации изникнуваат во секоја култура на сите континенти. Се појавуваат првите големи градови покрај главните големи реки: Нил, Тигар, Еуфрат, Инд и Жолта Река. Едно од големите достигнувања од ова време е пишувањето, причинето пред сè од потребата да се води евиденција од економска и комерцјална природа. Првиот пишан код е клинестото писмо скрипта од Месопотамија приближно 3500 г. п.н.е. напишано на глинени плочки. Се основа на пиктографски и идеографски елементи, додека подоцна Сумерите создаваат слогови за пишување, одразувајќки ја фонологијата и синтаксата на симерскиот јазик. Во Египер настананува хиероглифското писмо со првиот примерок Нармер Палета (3100 г. П.н.е.). Хебрејскиот јазик е еден од првите јазици кои го користат методот на пишување писмо (Абџад, околу 1800 г. П.н.е.) што поврзува единствен симбол за секоја фонема; од него произлегуваат грчкото писмо и латиницата.

Месопотамија[уреди | уреди извор]

Статуа Диорит, Музеј Лувр, Париз

Месопотамската уметност се развила во областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат (денешна Сирија и Ирак) каде од 4-от милениум п.н.е. постоеле многу различни култури како што се Сумер, Акад, Аморит, Шалдеја итн. Месопотамската архитектура се одликувала со употребата на тула, трегер и воведувањето на градежни елементи како лак и свод. Значајни се зигуратите – големи храмови во форма на терасовидна скалеста пирамида, од каде што практично нема оставено траги, освен нивнната основа. Гробницата обично била коридор со покриена комора и лажна купола како кај некои примероци најдени во Ур. Исто така имало палати, заѕидени со тераса во форма на зигурат, придавајќи им голема важност на градините (Висечките градини на Вавилон се едни од седумте чуда на античкиот свет). Вајарството се развивало преку резбање и релјеф и се користело за религиски, воени и ловечки сцени во вид на човечки и животински фигури без разлика на тоа дали тие биле вистински или митолошки. Во сумерската ера имало мали статуи со аголен облик со обоен камен, ќелава глава и со рацете на гради. Во акадската ера имало фигури со долга коса и брада, кои ја истакнувале стелата на Нарам-Син. Во аморитската ера (или неосумериска) забележливо е претставувањето на царот Гидеа од Лагаш со својата наметка и турбан на главата и рацете на градите. За време на Вавилонското владеење позната е стелата на Хамураби. Асирското вајарство е познато по својот антропоморфизам на добиток и крилест лош дух, кој е претставен како лета на многу релјефи прикажувајќи војна и ловечки сцени, како што е на Црниот Облелиск на Шалманесер III. Со појавата на пишувањето се појавува и литературата како средство за изразување на човечката креативност. Сумерската литература е претставена преку Епот за Гилгамеш, напишан во 17-от век п.н.е. Во него се пишани триесет митови за најважните сумериски и акадиски божества: Симнувањето на Инана во пеколот и Циклусот на боговите Енки и Тамуз. Друг значаен пример е поемата Тешкотиите на Нинурта (Lugal ud melambi Nirpal) чија содржина е морална и поучна. Во Акадиската ера забележлив е Атрахасис кој го вклучува митот за поплавата. Во вавилонската литература позната е поемата Енума Елиш која го опишува создавањето на светот. Музиката била создадена во оваа област меѓу 4-от и 3-от милениум п.н.е. и се користела во сумериските храмови каде свештениците им пееле химни и псалми (ерсеми) на боговите. Литургиската миса содржела респонсории- песна испеана наизменично помеѓу свештениците и хорот- и антрифони- песна испеана од два хора. Тие имале неколку инструменти како тиги (флејта), балаг (тапан), лилис (претходник на тимпани), алгар(лира), загсал (харфа) и адапа (тамбурина).

Египет[уреди | уреди извор]

Во Египет настанала една од првите големи цивилизации со детални и комплексни уметнички дела кои ја попримаат професионалната специјализација на уметникот/занаетчија. Неговата уметност била интензивно религиска и симболична со високо централизирана структура на моќ и хиерархија, давајќи му голема важност на верскиот концепт на бесмртност, посебно на фараонот за кого биле изградени многу споменици. Египетската уметност се протега од 3000 г. П.н.е. па сè до освојувањето на Египет од страна на Александар III Македонски. Сепак неговото влијание опстоило во копската и византиската уметност. За архитектурата, карактеристична е монументалноста постигната преку употребата на големи блокови од камења, трегер и цврсти столбови. Истакнати се надгробните споменици во три главни типови: мастаба, гроб со правоаголна форма, пирамида, која може да биде скалеста (Сакара) или со мазни рабови (Гиза) и хипогем, подземен гроб (Долина на кралевите). Другата голема градба е храмот, монументален комплекс претходен од авенија на сфинги и обелисци кои го покажуваат патот до два далноводи и трапезоидни ѕидови, хипаетрос, хипостил сала и светилиште. Значајни се храмовите на Карнак, Луксор, Филае и Едфу. Друг вид на храм е камениот храм во форма на хипогеј како во Абу Симбел и Деир ел-Бахари.

Историски развој[уреди | уреди извор]

Сакајамуни Буда од Занг Шенгвен, Кинеска Династија Сонг

Полето на “историја на уметност” е развиено на Запад и првично се занимавало само со европската историја на уметност, со високата ренесанса (и нејзиниот грчки преседан) како дефинирачки станард. Постепено низ 20-от век, се развива една нејзина поширока визија. Оваа проширена интерпретација вклучува општества од целиот свет и обично се стреми да ги проучува артефактите во смисла на културните вредности во кои тие биле создадени. Така, историјата на уметност сега се гледа како таква што ја опфаќа целата визуелна уметност, од мегалитите на Западна Европа до сликите на Династијата Танг во Кина. Историјата на уметност често е опишана како хронологија на ремек-дела создадени во секоја цивилизација во светот. На тој начин може да се окарактеризира како приказна за високата култура, олицетворена од седумте светски чуда, што е некако различна од народските изрази. Вторите, сепак можат да се интегрираат во историско уметничките приказни, во кој случај обично се однесуваат на народна уметност или занает. Колку потесно се поврзува историчарот на уметноста со овие вторите форми на култура, толку поверојатно е дека тие ќе ја идентификуваат нивната работа како испитувачка визуелна култура или материјална култура или како прионесувачка за полињата поврзани со историјата на уметност, како што се антропологијата или археологијата. Во вториот случај, уметничките предмети можат да се сметаат како археолошки артефакти.

Историја на уметноста низ учебниците[уреди | уреди извор]

Корисен начин да се испита како историјата на уметноста е организирана е преку главните учебници. Најчесто користени учебници објавени на англиски јазик се Приказна за уметноста – Ернст Гомбрих, Уметничка историја – Мерилин Стокстад, Историја на уметноста – Ентони Џенсон, Уметноста низ вековите – Хелен Гарднер и други.

Западна Европа[уреди | уреди извор]

Иако некои од наведените книги имаат глобален пристап, тие се универзално најсилни во западната историја на уметност. Книгите користат примери од секоја ера за да создадат приказна која спојува стилови кои се менуваат со социјална историја. Почнувајќи со праисториска уметност како што е Стоунхенџ, пред да се дискутира за античкиот свет, кој започнува со Месопотамија, па продолжувајќи со уметноста на стар Египет која се менува во класичните антиквитети. Класичната уметност вклучува и Грчки и Римски дела. По падот на римската империја, се фокусираме на Средновековна уметност, период кој траел речиси цел милениум. Високо интелектуалната култура во средновековниот период била претежно исламска, но оваа ера вклучува и дела на рано-христијанската уметност, Византиската, Готската, Англо-Саксонската и Викингшката уметност. Средновековната ера завршува со ренесансата, по што следат бароко и рококо. Понекогаш уште еден период, Маниризмот е вметнат меѓу бароко и рококо, кој е визуелен хибрид. 18-от и 19-от век вклучувале неокласицизам, романтизам, академизам и реализам. Историчарите имаат несогласување околу прашањето кога започнала Модерната уметност. Уметничките движења во доцниот 19ти па сè до раниот 21 век се премногубројни за детално да бидат опишани, па затоа може да бидат пошироко поделени на две категории: Модернизам и Современа уметност. Современата уметност понекогаш се нарекува и Постмодернистичка уметност. Иако учебниците периодите ги класифицираат според движењата, тие истото го прават и по времето (вековите). Многу историчари на уметност ја препознаваат историската важност на Италијанската ренесанса и барокната уметност.

Америка[уреди | уреди извор]

Историјата на уметноста во двете Америки започнува во пред-Колумбискиот период на домородните индијански култури. Историчарите се фокусирале на Мезоамерика во почетокот на оваа ера бидејќи таму се јавува серија од култури кои имале фантастична архитектура и продуцирале објекти од фина ракотворба што можат да се споредат со уметностите во западна Европа. Најчитан учебник е Уметноста на Мезоамерика од Мери Елен Милер. Традицијата за практикување на уметноста од Мезоамериканските народи започнала со културата Олмек околу 1400 година п.н.е., за време на Пред-класичната ера. Овие народи се најпознати по изработката на колосални глави но исто така обработувале жад, подигнувале монументална архитектура, правеле мали скулптури и дизајнирале мозаични подови. Две најистражени локации се Сан Лоренцо Тенохтитлан и Ла Вента. Откако Олмек културата започнала да опаѓа, цивилизацијата на Маите станува проминентна во овој регион. Понекогаш транзиционален Епи-Олмечки период е опишан, кој е хибрид помеѓу Олмек културата на Маите. Посебно темелно истражено Епи-Олмечко место е Ла Мохара, каде се пронајдени хиероглифски записи кои се делумно дешифрирани.

Ентериер во Аја Софија во Истанбул, Турција

До доцната преткласична ера, која започнала околу 400 година п.н.е., Олмечката култура веќе опаѓала но средномексиканскиот народ и Маите просперирале. Низ добар дел од класичниот период во Централно Мексико градот Теотихуакан напредувал, како и Чочикалко и Ел Тахин. Овие места изобилуваат со фантастични скулптури и архитектура. Други Централно Мексиканси народи биле Микстеки, Запотеки и луѓето кои живееле во Долината на Оаксака. Уметноста на Маите била на врвот во Класичниот период – име што е последица од Класилниот Европски период, кој започнал околу 200 година. Главни Маиански наоѓалишта од оваа ера го вклучуваат Копан – каде безбројни резби биле пронајдени, и Киригва каде најголемите стелаи од Мезоамерика се сместени со зооморфични алтари. Комплексен систем на пишување бил развиен и огромен број на маиански манускрипти биле продуцирани на хартија направена од кора од дрво. Иако Маианските наоѓалиште постојат и денес, голем дел од овие места ги снемало околу 1000 година. Во времето на шпанското освојување на Јукатан за време на 16-от и 17-от век, Маите сè уште биле моќни, но многу заедници потпаднале под општеството на Ацтеките. Ацтеките многу просперирале во овој период, негувајќи уметности како вајарство, сликарство и мозаици од пердуви. Можеби најпознато дело на Ацтечката уметност е камениот календар, кој денес е национален симбол на државата Мексико. За време на шпанското освојување на Империјата на Ацтеките многу уметнички предмети биле испратени во Европа за подоцна да бидат распределени во уметнички музеи. Империјата на Ацтеките била заснована во градот Тенохтитлан кој бил речиси уништен во колонијалната ера. Тоа што останало од градот денес е закопано по Мексико Сити. Неколку градби од тоа време како Главниот Храм се проучувани од археолози но се во многу лоша состојба. Уметноста во двете Америки од шпанските освојувања е микс на домородната и странската традиција, вклучувајќи Европски, Африкански и Азиски елементи. Измешани со приказната за домородната уметност се движењата за сликарство, вајарство и архитектура како Hudson River School или Ashcan School во 19-от век, или Поп Арт и Абстрактен Експресионизам во 20-от век. Некои од најпознатите слики биле продуцирани од уметници од Американскиот Запад а некои од визуелно најкомплексните објекти биле создадени од афро американци. Централна-Јужна-Источна Азија Источната култура широко ја опфаќа Азија и опфаќа комплексна традиција на уметност. Позната студија за источната историја на уметност е Азиска Уметност од Џон Лаплант. Тој ја класифицирал уметноста по нации, со посебни делови за Индија, Кина и Јапонија.

Африка[уреди | уреди извор]

Долгата историја на Африканската уметност опфаќа високи скулптури, од кои можеби најпознати се бронзените скулптури на народот од Бенин, како и народната уметност. Тука спаѓаат Египетската уметност, уметноста на Стар Египет, Африканската народна уметност, маските од Африканските племиња и други.

Океанија[уреди | уреди извор]

Уметноста на Океанија ги вклучува географските подрачја на Микронезија, Полинезија, Австралија, Нов Зеланд и Меланезија. Учебникот Уметноста На Океанија ја опфаќа оваа област тематски, со есеи за предците и наследството, воинственост, тело, пол, трговија, религија и туризам.

Музеи на уметност[уреди | уреди извор]

Музејот Гугенхем во Билбао, Шпанија

Искуството на историјата на уметност, според уметничките музеи обично е организирано различно од учебниците поради природата на колекциите и на самите институции. Наместо комплетна прошетка низ времето, музеите вработуваат куратори кои спојуваат повеќе објекти во изложби. Бидејќи ја имаат одговорноста да складираат вредни објекти, музеите често наоѓаат таксономии за нивните колекции. Уметничките музеи обично имаат внатрешни системи на класификација, притоа содржат департмани за сликарство, вајарство, декоративни уметности и дела на хартија.Сликарството соддржи неколку медиуми како што се масло на платно, темперно сликарство и водени бои. Вајарството може да се подели на резбарство и леарство. Декоративните уметности се најдиверзирани бидејќи може да соддржат текстил, игларство (замотување, врвки итн.) и други дела од материјали. Тука спаѓаат и муралите (фреските се еден вид мурали) и објекти на обожување изработени од сребро, керамика, стакло, мебел и многу други. Музеите во главно не можат да соберат цели градби, но можат да соддржат делови од архитектура кои исто така спаѓаат под департманот декоративни уметности. Делата на хартија вклучуваат принт, фотографија и книжевна уметност како на пример илуминатски манускрипти. Музеите често соддржат и департман за применета уметност, во кој има објекти со добар дизајн пратен со графичка уметност, илустрација или други форми на комерцијална уметност.

Пазар на уметности[уреди | уреди извор]

Со пазарот на уметности може полесно да разбереме што се смета за дел од историјата. Дилерите на уметнички дела или аукционерите организираат материјали за дистрибуција до колекционерите. Две најстари и најголеми уметнички аукциски куќи се Сотби’с и Кристи’с. Двете куќи имаат високопрометна продажба на антиквитети и уметнички објекти. Покрај легалните пазари за уметнички дела постои итн. црн пазар, кој е тесно поврзан со кражба на уметнички дела и фалсификаторство. Ниедна аукциска куќа или дилер не признаваат дека учествувале на црниот пазар поради нелегалноста на истиот. Бидејќи побарувачката за одредени уметнички предмети е огромна, а безбедноста во многу делови на светот е слаба постои растечка трговија на антиквитети добиени преку кражба. Иако уметничката заедница речиси универзално ги осудува кражбите од ваков вид кои резултираат со уништени археолошки наоѓалишта, црниот пазар останува присутен фактор во снабдувањето со уметнички дела. Често при воени дејствија на одредени региони се случувале вакви масовни кражби (на пример археолошките кражби во Ирак).

Националистичка историја на уметност[уреди | уреди извор]

Создавањето на уметност, академската историја на уметноста и уметничките музеи се тесно поврзани со култивирањето на национализмот. Уметноста создадена во модерните времиња, често е обид да се генерираат чувства на национална супериорност или љубов кон сопствената татковина. Руската уметност е посебно сликовит пример за ова тврдење, прво руската авангарда а потоа и советската уметност претставуваат обиди да се дефинира идентитетот на оваа земја. Повеќето историчари на уметност кои работат во денешно време ја идентификуваат својата специјалност како уметноста на одредена култура и временски период, а често таквите култури се и нации. На пример некој може да специјализира во 19-от век Германска или современа Кинеска историја на уметност. Фокусот кон национализмот има длабоки корени во дисциплината. Многу од најголемите и најпознати уметнички музеи во светот како што се Лувр, Викторија и Албер Музејот, и Националната Галерија на Уметност во Вашингтон се поседувани од државата. Повеќето земји имаат своја национална галерија, со посебна мисија – да се зачува и презентира културното наследство на земјата. Националната Галерија на Уметноста во Македонија има во свој посед уметнички дела создадени во Македонија но има и предмети од целиот свет.

Академска историја на уметност[уреди | уреди извор]

Студиите по историја на уметност се релативно нов феномен. Пред ренесансата, модерниот концепт за уметност не постоел. Со текот на времето историчарите ги менувале своите гледишта околу тоа која уметност е вредна а која не е. На пример за време на Викторијанската Ера, Италијанските сликари од 15-от век биле сметани за инфериорни во однос на тие од 16-от век и Високата ренесанса. По оваа ера се појавува тренд да се почитуваат сите култури и периоди неутрално. Затоа Австралиската Абориџинска уметност не може да се класифицира како подобра или полоша од Микеланџело – едноставно е различна. Анализите на историјата на уметноста посвоиле освен убавината на делото уште две димензии – социјалната и политичката употреба на делото. Тоа што некогаш било гледано како ремек-дело, сега се разбира како економско, социолошко, филозофско и културно манифестирање на погледот на светот на уметникот, неговата филозофија, намери и позадина.

Света историја на уметност[уреди | уреди извор]

Иако секуларните приоди кон историјата на уметноста често даваат нагласок на поединечната креативност, историјата на светата уметност често дава значење на начинот на кој прекрасни предмети се употребени за да се даде симболичко значење во ритуални контексти. Сите десет најголеми организирани религии во светот имаат традиција на пренесување преку слика. Тие се Конфуционизам, Будизам, Хиндуизам, Јудаизам, Христијанство, Ислам, Сикхизм, Бахаи, Џаинизам и Шинто.

Лаокун и неговите синови,Ватикански музеј

Главни предмети и концепти[уреди | уреди извор]

Средновековна Западна уметност[уреди | уреди извор]

Во Византија и во Готската уметност од средниот век, доминацијата на црквата инсистирала на експресија на библиски вистини. Немало потреба да се прикаже реалноста на материјалниот свет, во кој човекот се раѓа во состојба на грев, посебно преку ексесивна употреба на злато во сликарството, кои исто така претставуваат презентирани фигури во идеализирани, шаблонски (рамни) форми.

Ренесанса и Западна уметност[уреди | уреди извор]

Ренесансата е враќање кон вредностите на материјалниот свет, и оваа парадигмична промена е рефлектирана во сите форми на уметност, кои ја покажуваат реалноста на човечкото тело и тридимензионалната реалност на пејзажите.

Источна уметност[уреди | уреди извор]

Фреска од пештерите Ажанта,450-500

Источната уметност генерално функционирала во стил сличен на Западната средновековна уметност – концентрирана на шаблонизирање на површини и локални бои (чистата боја на објектот, на пример обична црвена боја за јаболко, наместо модулации на истата боја при дневна светлина, сенка или рефлексија). Одлика на овој стил е тоа дека локалната боја е често дефинирана од оцртувањето на надворешните граници на објекот (современ еквивалент се анимираните филмови). Ова е на пример евидентно во уметностите на Индила, Тибет и Јапонија. Религиозната исламска уметност забранува иконографија и изразува религиозни идеи преку геометриски дизајни. Како и да е, постојат многу исламски слики кои прикажуваат религиозни теми и сцени на приказни слични со трите главни монотеистички религии – исламот, христијанството и јудаизмот.

Модерна и Современа уметност[уреди | уреди извор]

Физичките и рационалните сигурности на универзумот прикажан во 18-от век биле разнишани не само од откритијата на релативитетот од Албер т Ајнштајн или од невидената психологија на Сигмунд Фројд, туку и од невиден технолошки развој забрзан од имплозијата на цивилизацијата во две светски војни. Историјата на уметноста во 20-от век е приказна за бескрајни можности и потрага по нови стандарди, секој растргнат и побиен по наследувањето од следниот. Според тоа параметрите на Импресионизмот, Експресионизмот, Фаувизмот, Кубизмот, Дадаизмот, Надреализмот и други уметнички движења не може да ја задржат својата важност како во времето кога се појавиле. Зголемената глобална интеракција во ова време донесе еквивалентно влијание на други култури врз Западната уметност, како Пабло Пикасо кој имал влијание од Ибериските скулптури, Африканските скулптури и Примитивизмот. Јапонизмот имал огромно влијание врз Импресионизмот и следни уметнички развивања. Влијателниот пример поставен од Паул Гоген и неговиот интерес за Океанска уметност биле следени од Пикасо, Матиз и многу од нивните колеги. Модернизам, кој претставува идеалистичка потрага по вистина и прогрес, е правец кој во доцните декади на 20-от век ја направи реализацијата на својата невозможност. Релативноста беше прифатена како вистина која не може да се избегне, што доведе до Постмодернистичиот период, каде културите од светот и историјата често менуваат форми, и каде може да се нацртаат и да се ценат само со иронија. Понатаму поделбата на културите е уште повеќе збунувачка, па сега е полесно да се смета на културата како на глобална култура, наместо на регионални култури.