Црква „Св. Јован Канео“ - Охрид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Св. Јован Богослов Канео
Kaneo i ezero.jpg
Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архиерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба
Населено место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи информации
Покровител Свети Јован Богослов
Изградба пред XIV век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

„Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на црквата пред 1447 кога е испишан натписот на Св.Константин и Елена - како и релативно раната појава на топономастичкиот назив на местото „Канео“ каде што е подигната црквата. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од XIII век па сè до почетокот на XIV век.

Во османлискиот период може да се следи активниот живот на црквата најверојатно се до 1447 г. кога се споменува имотот на црквата. Подоцна манастирскиот живот постепено опаѓа а со тоа доаѓа и уривање на самата зграда (ниските сводови од сите четри агли. Во поново време се претпоставува дека доаѓа до запуштање во подолг временски период меѓу XVII и XIX век. Тоа се докажува врз основа на најстарата запишана година која се наоѓа на најстарата икона во црквата (1676). Во поновата историја се забележуваат зафати со цел да се обнови самата црква, при што се враќаат сводовите како и подигање на анексите од северната јужната и западната страна кои денес се елиминирани. Од друга страна гледано од иконографски аспект оваа црка обезбедува голем број на информации за историјата на средновековното сликарство во Македонија. Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на Комнените. Во поголлем број на цркви се наведуваат вакви карактеристики како што се Св. Софија во Охрид, Св. Константин во с. Свеќани (Велешко) и Св. Никола во с. Манастир. Меѓутоа само Канео има посебно нагласена модификација на комненските елементи, што помага за поблиско определување на хронологијата. Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до денешен ден што е прилично добро земајќи предвид дека самата црква била подолг период напуштена. [1]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Св. Јован Канео - Портал на Охрид

Надворешни врски[уреди]