Магаза на Адиљ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магаза на Адиљ
Поглед на магазата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видмагаза
Адресаул. „Свети Климент Охридски“ бр. 16
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1883
Технички податоци
Катови2

Магаза на Адиљ или Магаза на Арнаудмагаза во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 16, на раскрсницата со ул. „Климентов Универзитет“. Изградена е во 1883 година од непознати мајстори. Се состои од приземје и кат. Изведена е во камен со карактерисѕична жолто-црвеникава боја. Афлите се обликувани од обработени камени блокови. Отворите на приземјето имаат сводови од обработен травертин. На катот исто така има прозорски отвори со полукружни лакови, исто така од травертин. На нив се зачувани и металните капаци типични за охридските магази. Магазата завршува со обработена профилирана стреа од бигорни блокову. Покривор е повеќеводен, со ќерамиди-каналици. На фасада на магазата, високо горе меѓу прозорците на катот под стреата има мермерна плоча. Текстот гласи „1883... Никола Наумъ Арнаутъ“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Магаза на ул. Св. Климент Охридски бр.16“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 5 септември 2017.