Залив на Коските

Координати: 40°59′39″N 20°47′53″E / 40.99417° СГШ; 20.79806° ИГД / 40.99417; 20.79806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Праисториски куќарки во музејот

Залив на Коскитезалив во Охридското Езеро и археолошко наоѓалиште на праисториска наколна населба од доцнобронзеното и раножелезното време. Сместен е до полуостровот и автокампот Градиште, меѓу селата Пештани и Трпејца. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, како и свој посетителски центар со изложбен простор за наодите. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, во наоѓалиштето наречено Градиште.

Најблискиот колец од вкупно 6.000 откриени е на 12 метри во езерото, со што се претпоставува дека е тоа колец од мостот што ја спојувал населбата. Се претпоставува дека се простирала на платформа од околу 8.500 м2, а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На местото се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни како еленски рогови.

Наколните населби биле градови правени на платформи, кои стоеле на дрвени колци забодени на дното на езерото. На тие наколни платформи се наоѓале куќите на праисториските луѓе, кои со подвижен мост биле споени со брегот. Жителите на овие населби се занимавале најмногу со риболов, но и со земјоделство и лов. На ова укажуваат разните садови и предмети од керамика и камен пронајдени и на суво и под вода.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

40°59′39″N 20°47′53″E / 40.99417° СГШ; 20.79806° ИГД / 40.99417; 20.79806