Шадрван на шехот Зекерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шадрван на шехот Зекерија
Шадрванот на шехот Зекерија десно од Турбето на Хајати Баба
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видшадрван
Стилосманлиски
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век

Шадрван на шехот Зекерија — стар шадрван од османлиско време во Охрид,[1] прогласен за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“.[2][3]

Шадрванот се наоѓа од западната страна турбето на Хајати Баба и е служел за обредно миење пред молитва, како и за мисраф-шадрван — место за прием на гости, одмор и разговор на дервишите.[1] Изграден е од шехот Зекерија, кој го доградил и турбето. Има издолжен неправилен седумаголен облик со дрвена конструкција и покрив од турски ќерамиди. Изграден е од бондрук, а ѕидовите се варосани. Во шадрванот се зачувани миндерите за седење околку средишната фонтана.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 42. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
  2. 2,0 2,1 „Споменичка целина Зејнел Абедин Паша“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-16. Посетено на 16 септември 2017.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 77.