Куќа на Хаџиеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Хаџиеви
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1929
Технички податоци
Катови2

Куќа на Хаџиеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата се наоѓа во населбата Центар, на ул. „Димитар Влахов“ бр. 37. Изградена е во 1929 година од непознати мајстори.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата е прва во низата од три исти куќи со неоренесанса и необарокна архитектура. Се состои од подрум, приземје и кат. Изградена е масивно, при што темелите и сутеренот се камени, а приземјето и катот се од полни тули. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Куќата има хоризонтална симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и други украси во стил класичниот академизам. Прозорците се со профилирани рамки, имаат вертикални пиластри и хоризонтални профилирани венци.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Димитар Влахов бр.37“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 28 септември 2017.