Манастир „Св. Наум“ - Охрид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Наум
Св Наум.JPG

'

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архиерејско намесништво Охридско
Местоположба
Населено место Охрид
Општи информации
Патрон Свети Наум
Архитектонски опис
Портал



Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година во него е погребан.

Оваа црква по својот првобитен облик била скоро идентична на црквата Св. Пантелејмон во Охрид. Негде околу 10-13ти век Наумовата црква била потполно урната. Но потоа негде околу 16ти век на нејзините темели е подигната сегашната црква и тоа во две етапи. Отпрвин, при обновувањето, се изградени наосот и нартексот, а во втората, двете куполи - над наосот и нартексот. Сегашната црква ги носи преправките, и таа има форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на четири столбови. Гробницата на Наум е посебна зграда со широка и ниска купола.

Борис I - ктитор на манастирот Св. Наум покрај Охрид, фреска од 1806 година

Во натписот, што се наоѓа над западниот влез однатре се споменува дека живописувањето на црквата станало за време на игуменот Стеван во 1806 година. Тогаш е живописана и капелата со Нумовиот гроб. Сета греско-декорација е дело на "зоографот Трпо, син на зографот Константин од Корча." Главната манастирска црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил (Црква „Свети Архангели“ - Охрид).[1] Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

[уреди] Наводи

  1. „НАУМОВИОТ МАНАСТИР СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“ (на македонски). Општина Охрид. http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=143#naumovmanastir. проверено на 2010-10-03. 

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици