Календар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Страница од Хинду календар 1871–1872

Календар е систем за организирање на деновите со општествени, религиозни или административни цели. Ова се прави со тоа што им се даваат имиња на одредени временски периоди, денови, недели, месеци и години. Месеците и годините најчесто се во склад со движењето на Сонцето и Месечината. Повеќето цивилизации својот календар го направиле со приспособување на постар модел на календар, преземен од друг народ.

Зборот календар доаѓа од латинскиот kalendae, што било назив за првиот ден од секој месец.[1]

Содржина

[уреди] Видови на календари

Наједноставниот календар е Јулијанскиот календар, кој едноставно ги брои деновите после одреден датум. Други видови на календари се:

Најчесто календарите содржат повеќе од еден тип на циклус, каков што е на пример Грегоријанскиот календар, кој не зависи од седмиците, но датумот се искажува не само со бројката на денот од месецот, туку и со името на денот од седмицата.[2] Обично, системот на искажување на деновите во бројки, не ги изместува деновите во седмицата, кои си продолжуваат непрекинато.

Најголемиот број на календари содржат поими како ден, месец и година. Соларниот календар го следи циклусот на сезоните, традиционално користен за планирање на земјоделските активности. Во месечевиот односно лунарниот календар, еден месец е еднаков на еден циклус од мените на Месечината. Бидејќи бројот на денови во една соларна година не е цел број, ова е решено со додавање на денот 29 февруари на секоја четврта односно престапна година. Истото се случува и во лунарниот календар. Ова е познато како интеркалација.

За општите потреби во една држава, заради регулирање на активностите, направени се временските поделби на помали или поголеми периоди, како на пример недела, декада, век, милениум.


[уреди] Види исто така

[уреди] За понатамошно читање

  • Fraser, Julius Thomas (1987), „Time, the Familiar Stranger“ (illustrated издание), Amherst: Univ of Massachusetts Press, ISBN 0870235761, OCLC 15790499 
  • Whitrow, Gerald James (2003), „What is Time?“, Oxford: Oxford University Press, ISBN 0198607814, OCLC 265440481 

[уреди] Референци

  1. New Shorter Oxford English Dictionary
  2. Zerubavel, The Seven Day Circle (University of Chicago Press, 1985).

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици