23 декември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< декември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

23 декември е 357-иот ден во годината според григоријанскиот календар (358-и во престапна година). Остануваат 8 денови до крајот на годината.

Настани:

1888  Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво.
1944  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.
1947  Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД.
1991  Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.
1993  Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.

Родени:

1777  Александар I, руски император.
1790  Жан Франсоа Шамполион, француски египтолог.
1869  Иван Гарванов, бугарски револуционер.
1925  Јаника Балаж, прочуен тамбураш од Војводина.
1968  Мануел Ривера-Ортис, порторикански фотограф.
1988  Јурај Саган, словачки велосипедист.

Починале:

910  Свети Наум Охридски, просветител и свештеник.
1906  Даме Груев, еден од основачите на ВМРО.
1953  Лаврентиј Берија, советски политичар.
2003  Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември