Лаврентиј Берија
| Лаврентиј Павлович Берија | |
|---|---|
![]() |
|
|
|
|
| Во служба 5 март 1953 – 26 јуни 1953 |
|
| Премиер | Георгиј Маленков |
| Претходник | Вјачеслав Молотов |
| Наследник | Лазар Каганович |
|
|
|
| Во служба 5 март 1953 – 26 јуни 1953 |
|
| Претходник | Сергеј Круглов |
| Наследник | Сергеј Круглов |
| Во служба 25 ноември 1938 – 29 декември 1945 |
|
| Претходник | Николај Ежов |
| Наследник | Сергеј Круглов |
|
Прв секретар на Грузиската комунистичка партија
|
|
| Во служба 15 јануари 1934 – 31 август 1938 |
|
| Претходник | Петре Агнијашвили |
| Наследник | Кандид Чарквиани |
| Во служба 14 ноември 1931 – 18 октомври 1932 |
|
| Претходник | Лаврентиј Картвелишвили |
| Наследник | Петре Агнијашвили |
|
|
|
| Роден(а) | 29 март 1899 Руска Империја |
| Починал(а) | 23 декември 1953 (на возраст од 54 г.) Москва, СССР |
| Националност | Грузиец |
| Партија | Комунистичка партија на Советскиот Сојуз |
| Потпис | |
Лаврентиј Павлович Берија (грузиски: ლავრენტი პავლეს ძე ბერია; руски: Лаврентий Павлович Берия; 29 март 1899 - 23 декември 1953) бил советски политичар од грузиско потекло[1][2], раководител на советската тајна полиција и на безбедносните служби во времето на Сталин. До крајот на Големата чистка тој станал заменик-раководител, а потоа и раководител на НКВД. Претставува еден од одговорните за Големата чистка. Берија бил највлијателен во текот и по Втората светска војна. Веднаш по смртта на Сталин во 1953 година, станал прв заменик премиер. Тогаш тој започнал да спроведува кратка кампања за либерализација. Тој накратко бил дел од владејачката тројка со Георги Маленков и Вјачеслав Молотов. Меѓутоа, во истата година тој бил уапсен и погубен од страна на неговите политички ривали. Во своите мемоари Молотов вели дека Берија тврдел дека го отрул Сталин.
