Грузиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грузиски
ქართული картули
Застапен во

 Грузија  Русија

 САД

 Израел

 Украина

 Турција

 Иран

 Азербејџан
Говорници 4 милиони[1]  
Јазично семејство
Писмо грузиско писмо
Статус
Службен во  Грузија
Јазични кодови
ISO 639-1 ka
ISO 639-2 geo (B)
kat (T)
ISO 639-3 kat
Карта на картвелските јазици.

Грузиски јазик (ქართული ენა, картули ена) — картвелски јазик, мајчин јазик на Грузијците и службен јазик на кавкаската држава Грузија. Се пишува со уникатното грузиско писмо. Јазикот го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Гризија и во грузиската дијаспора.

Грузискиот јазик го зборуваат, како мајчин, околу 3.9 милиони луѓе во Грузија и уште околу 500.000 Грузијци во дијаспората, најмногу во Турција, Иран, Русија, САД и останатите држави. Грузискиот јазик е сроден јазик со уште три картвелски јазика: свански јазик, мегрелски јазик и ласки јазик и заедно со овие јазика сочинуваат едно јазично семејство кое не е сродно со ниту едно од останатите јазични семејства во светот.

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Грузиска азбука.

Низ историјата, грузискиот јазик се пишувал со различни писма. Денес, за запишување на јазикот се користи само грузиската азбука наречена „мкедрули“ што во превод значи „воено писмо“. Покрај ова, постојат и историските писма, но тие ги користат само научниците за истражување на грузиската историја. Грузиската азбука има 33 букви и ова писмо е фонетско, што значи еден глас е претставен со еден симбол. Покрај 33-те букви, има и уште неколку останати кои не се користат повеќе.

Грузиска азбука „мкедрули“
Македонски еквиваленти
а б г д е в з т и кх * л м н
о пх * ж р с тх * у пх * кх * глотално х к' * ш ч
ц ѕ цх * чх * тврдо х џ меко х
* - овие гласови ги нема во македонскиот јазик. Тие се силни согласки, фрикати, проследени со грлен полуглас (х).

Според традиционалните верувања и записи на Леонти Мровели во 11 век, првата грузиска азбука била создадена од првиот крал на Кавкаска Иберија Парнаваз I Иберски во 3 век п.н.е. Сепак, првите записи на азбуката, или одредена модификација на истата, датираат од 5 век. Низ вековите азбуката била изменувана и модернизирана, па поради тоа денес има три верзии на истата: „асомтаврули“ или „големи букви“, „нускури“ или „мали букви“ и „мкедрули“ или „воено писмо“. Првите две не се користат повеќе, туку само последната. Грузиското писмо не разликува мала од голема буква и сите се исти.

Фонологија[уреди]

Самогласки[уреди]

Самогласки[2]
Предни Задни
Затворени i u
Средни ɛ ɔ
Отворени   ɑ

Согласки[уреди]

Грузиски согласки[3]
  Лабијални Дентално/
алвеоларни
Пост-
алвеоларни
Меконепчани Увуларни Глотални
Носни m n
Експлозивни аспиративни
звучни b d g
ејективни
африкативни чисти ts
беззвучни dz
ејективни tsʼ tʃʼ
Фрикативни беззвучни s ʃ x1 h
звучни v z ʒ ɣ1
Вевни r
Латерални l

Пример[уреди]

Како пример за јазикот се наведува првиот член од Декларацијата за човекови права:

Грузиско писмо:
ყველა ადამიანი იბადება თავისუფალი და თანასწორი თავისი ღირსებითა და უფლებებით. მათ მინიჭებული აქვთ გონება და სინდისი და ერთმანეთის მიმართ უნდა იქცეოდნენ ძმობის სულისკვეთებით.
Транслитерација на грузиското писмо:
Qvela adamiani ibadeba t'avisup'ali da t'anascori tavisi ġirsebit'a da uplebebit'. Mat miničebuli ak'vt' goneba da sindisi da ert'manet'is mimart' unda ik'c'eodnen żmobis suliskvet'ebit'.
Превод на македонски јазик:
Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.[4]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]