Мегрелски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мегрелски
მარგალური ნინა маргалури нина
Застапен во  Грузија
Подрачје Мегрелија, Апхазија
Говорници 500.000 (1989)  
Јазично семејство
Писмо грузиска
Јазични кодови
ISO 639-3 xmf
Карта на картвелските јазици.

Мегрелски или мингрелски јазик (მარგალური ნინა, маргалури нина; грузиски: მეგრული ენა, мегрули ена) — јужнокавкаски јазик кој се зборува во западна Грузија, поточно во регионите Мегрелија и Апхазија. Порано јазикот бил познат како иверски јазик.

Распространетост и статус[уреди]

Денес не постојат сигурни податоци за вкупната бројка на луѓето што зборуваат мегрелски, но се проценува дека таа изнесува од 500.000 до 800.000 жители. Повеќето живеат во Мегрелија, регион на црноморското крајбрежје во близина на Сванските Планини. Помали заедници на Мегрелци постојат и во Апхазија, но поради нестабилноста на регионот голем број Мегрелци се преселиле во Грузија. Мегрелскиот јазик најчесто се пишува со грузиска азбука, но сепак нема пишам стандард и нема официјален статус. Скоро сите Мегрелци се двојазични, така што мегрелскиот го користат за домашна употрба и секојдневна комуникација, додека грузискиот јазик го користат на официјално ниво.

Историја[уреди]

Мегрелскиот јазик е еден од јужнокавкаските јазици. Тој е сличен со ласкиот јазик, од кого се разделил во последните 500 години, особено кога овие два јазика биле разделени од Турците. За разлика од ласкиот, со грузискиот не е толку сличен и уште помалку од сванскиот јазик.[2]. Мегрелскиот не е разбирлив за ниту еден од јужнокавкаските јазици, но можат да се забележат некои зборови слични со ласките.

Некои лингвисти тврдат дека ласкиот и мегрелскиот јазик се дијалекти на занскиот јазик[3], но сепак денес не постои никаква можност за да се зборува за еден зански јазик, кој бил распаднат на двата денешни. Најстариот запис на мегрелски датира од XIX век и е со етнографска содржина.

Дијалекти[уреди]

Главните дијалекти на мегрелскиот јазик се:

  • зуддидиски или северозападен дијалект
    • ѕвариски дијалект
  • сенакиски или југоисточен дијалект
    • мартвилиско-банѕаски дијалект
    • абашаски дијалект

Наводи[уреди]

  1. www.icgl.org/articles/ReviewofColchian.doc K'olxuri Ena (Colchian Language)
  2. http://web.archive.org/web/20110610082958/http://www.lrz-muenchen.de/~wschulze/lgxcauc.pdf
  3. www.icgl.org/articles/ReviewofColchian.doc K2olxuri Ena (Colchian Language)

Користена литература[уреди]

  • Aleksandre Tsagareli (1880), Megrelskie Etiudi, Analiz Fonetiki Megrelskogo Yazika ("Megrelian Studies — The Analysis of Phonetics of Megrelian Language"). (руски)
  • Ioseb Kipshidze (1914), Grammatika Mingrel’skogo (Iverskogo) Jazyka ("Grammar of Megrelian (Iverian) Language"). (руски)
  • Shalva Beridze (1920), Megruli (Iveriuli) Ena ("Megrelian (Iverian) Language").
  • Laurence Broers (2004), Containing the Nation, Building the State - Coping with Nationalism, Minorities, and Conflict in Post-Soviet Georgia.
  • English-Mengrelian dictionary

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]