Нано Ружин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нано Ружин
Роден 31 јули 1952
Валандово, СФРЈ СФР Југославија
Занимање политичар, дипломат, професор и амбасадор


Нано Ружин (Скопје, 31 јули 1952) е македонски политичар, дипломат, универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.[1]

Биографија[уреди]

Ружин е роден во Скопје на 31 јули 1952 година на родители Глигор и Стана. Неговото семејство потекнува од Валандово. Основно и средно училиште завшил во Скопје, факултет завршил во 1975 година во Белград. Политички науки, со претходна подготовка на пост-дипломските и докторските студии 1980-1983 завршил на иститутот за политички науки во Париз, додека магистрирал во 1982 година во Загреб на насока Политички науки, за подоцна да има одбрана на докторска теза Правен факултет во Скопје во 1986 година. Од 1976 до 1978 година работел во ОКССММ, а од 1984 до 1987 во СЗБНОВМ. Од 1988 станал професор на Филозофски факултет во Скопје. Тука бил се до 2001 година кога станал амбасадор на Македонија во НАТО. Во 2007 година успешно лобирал за Македонија да биде домаќин на министерскиот состанок на НАТО наречен Безбедносен Форум-Охрид јуни 2007. Од 2008 повторно е професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Воп два наврата бил пратеник во Македонското Собрание (1994-1998; и 1998-2001). Бил и член на Парламентот во НАТО (1995-2001). Рунин е основач на неколку невладини организации, како Евро-атланскиот клуб на Македонија во 1991 г.;Европско движење на Македонија; ЏЕФ на РМ; ЕСМС итн. Во Брисел бил избран за амбасадор на годината за 2007 година од страна на МНР на Белгија и списанието Дипломатски Новости. На македонските претседателски избори во 2009 година, Ружин бил кандидат на ЛДП и во првиот круг освоил 40.042 гласови (4,06 %), што небило доволно да влезе во вториот круг.[2]

Библиографија[уреди]

Ружин е автор на 15 разновиди книги и учебници и преку 300 разновидни тестови објавени во земјава и во странство. Автор и соработник на повеќе книги и изданија од областа на социјалната политика, меѓународните односи како и односите на Македонија со евро-атлантските институции.

Наводи[уреди]

  1. (на англиски) People from Valandovo: Gjorge Ivanov, Nano Ruin, Hristo Andonov. Books Llc. 2010. ISBN 1158249357. 
  2. SEC