18 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
18 декември е 352-иот ден во годината според григоријанскиот календар (353-и во престапна година). Остануваат 13 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1828 | Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе. |
| 1958 | Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата |
| 1965 | Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија. |
| 1970 | Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква. |
| 1994 | Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ. |
| 1865 | Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави. |
| 1956 | Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации. |
| 1941 | Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот. |
Родени:
| 1392 | Јован VIII Палеолог - претпоследен византиски цар. |
| 1963 | Бред Пит, еден од најпознатите американски актери во 20 век. |
| 1954 | Улрих Рот, гитарист, еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал. |
| 1786 | Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент. |
| 1913 | Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. |
Починале:
| 1829 | Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и филозоф. |
| 1995 | Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот. |
| 1932 | Едуард Бернштајн, германски социјалдемократски теоретичар. |
| 1945 | Климе Стојоски, македонски партизан. |
| 1975 | Теодосиј Добжански, руско-американски научник. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „18 декември“ |