Слободан Чашуле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слободан Чашуле

Во служба
30 ноември 2001 – 1 ноември 2002
Претседател Борис Трајковски
Претходник Илинка Митрева
Наследник Илинка Митрева
Лични податоци
Роден(а) 27 септември 1945
Скопје, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Партија Нова Демократија
Вероисповед Православен христијанин

Слободан Чашуле (Скопје, 27 септември 1945) е македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 - 2002 година[1].

Биографија[уреди]

Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.

Кариера[уреди]

  • 19651967 — новинар и основател на ТВ Скопје.
  • 19671974 — дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу.
  • 19741980 — дописник за ТАЊУГ во Латинска Америка и Карибите.
  • 19801990 — главен уредник на ТАЊУГ во Македонија.
  • 19901994 — директор и главен уредник на македонското радио.
  • Јануари — Април 1999 — Генерален директор на „Нова Македонија“ - Скопје.

На 30 ноември 2001, Чашуле станал Министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски[2]. Во 2002 година избран е за пратеник во Македонското Собрание.[3]

Ззборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Живее во Скопје.

Наводи[уреди]

  1. Габер, Виктор (на македонски). „За македонската дипломатија“. Маргор. ISBN 9989851557. 
  2. „Слободан Чашуле нов шеф на дипломатијата“ (на македонски). А1. 2 декември. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=4093. конс. 18 декември 2010. 
  3. „Пратенички состав“ (на македонски). Собрание на Македонија. http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=706671E60527D24CBC5032B4B6B6EA36. конс. 18 декември 2010. 

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Илинка Митрева
Министер за надворешни работи на Македонија
20012002
Наследник
Илинка Митрева