Борис Трајковски
Портрет на Борис Трајковски. |
|
|
|
|
| Мандат 15 декември 1999 – 26 февруари 2004 |
|
| Претходник | Киро Глигоров |
|---|---|
| Следбеник | Бранко Црвенковски |
|
|
|
| Роден | 25 јуни 1956 Струмица, Македонија |
| Починал | 26 февруари 2004[1] Ротимље, Босна и Херцеговина[1] |
| Сопружник | Вилма Трајковска |
| Професија | дипломиран правник |
| Религија | методист |
| Претседатели на Македонија | |
Борис Трајковски (Струмица, Македонија, 25 јуни 1956 - Мостар, Босна и Херцеговина, 26 февруари 2004[1]) бил македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа[1].
Содржина |
[уреди] Биографија
Траjковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи[2]. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски[3].
[уреди] Политичка кариера и смрт
Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: "Решавање на конфликти" со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.
За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.
Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. Постојат шпекулации дека тој можеби бил жртва на атентат.
Рејтингот на Трајковски дури беше претседател беше доста низок, но по несреќата што му се случи неговиот углед нагло порасна. Генералното мислење за Трајковски по неговата смрт не е далеку од изјавата што стои на официјалниот сајт на Меѓународната фондација Борис Трајковски каде се вели:
| “ | Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајќи дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно. | ” |
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Загинувањето на претседателот Борис Трајковски.“ (на македонски). http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=212101033381&id=9&prilog=0&setIzdanie=21908. проверено на 2010-04-10.
- ↑ http://mk.voanews.com/content/a-42-a-2004-02-26-2-1-86609807/449552.html
- ↑ http://mk.voanews.com/content/a-42-a-2004-02-26-2-1-86609807/449552.html
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Борис Трајковски“ |
- Официјално мрежно место на Претседателот на Македонија
- Меѓународна фондација „Борис Трајковски“
- Загинување на претседателот Борис Трајковски на Нова Македонија.
|
|||||
|
|||||||||||
- Родени во Струмица
- Родени на 25 јуни 1956
- Родени во јуни 1956
- Родени во 1956 година
- Починати во Мостар
- Починати во Босна и Херцеговина
- Починати на 26 февруари 2004
- Починати во февруари 2004
- Починати во 2004 година
- Борис Трајковски
- Политичари од Струмица
- Моноспитово
- Македонски методисти
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Претседатели на Македонија