Бранко Црвенковски
|
|
|
| Во служба 17 август 1992 – 30 ноември 1998 |
|
| Претседател | Киро Глигоров |
|---|---|
| Претходник | Никола Кљусев |
| Наследник | Љубчо Георгиевски |
|
|
|
| Во служба 1 ноември 2002 – 12 мај 2004 |
|
| Претходник | Љубчо Георгиевски |
| Наследник | Хари Костов |
|
|
|
| Во служба 12 мај 2004 – 12 мај 2009 |
|
| Претходник | Борис Трајковски |
| Наследник | Ѓорге Иванов |
|
|
|
| Роден(а) | 12 октомври 1962 Сараево, СФРЈ денес БИХ |
| Националност | Македонец |
| Партија | СДСМ |
| Вероисповед | Православен христијанин |
| Прекар(и) | Б.Ц. |
Бранко Црвенковски (роден на 12 октомври 1962 во Сараево) е македонски политичар.
Во текот на својата политичка кариера бил Премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и Претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.
Содржина |
[уреди] Млади години
Роден е на 12 октомври, 1962 во Сараево, СР Босна и Херцеговина. Во 1963 година неговото семејство се вратило да живее во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во 1980 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек за информатичка технологија и автоматика. Факултетот го завршил во 1985 година.[1]
[уреди] Политичка кариера
Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
[уреди] Премиер на Македонија
Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.
Во април 1991 година Црвенковски бил избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, тој станал вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој бил најмладиот премиер во Европа во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.
Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по изборите во декември во 1994 година. Во периодот 1994-1998 Македонија успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации (ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со ММФ и Светска Банка.
[уреди] Лидер на опозиција
По поразот на парламентарните избори во 1998 година, од 1998 до 2002 година бил лидер на опозицијата во македонското собрание. Поради започнувањето на воениот конфликт во 2001 година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучил кон Владата на политичко единство, која била формирана со цел да запре кризата во земјата.
Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и со лидерите на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, и на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, како и со претседателот Борис Трајковски, се потписници на Рамковниот договор од Охрид.
[уреди] Премиер на Македонија
На парламентарните избори во 2002 година СДСМ повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „За Македонија заедно“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во 2002 година повторно застанал на премиерската позиција.
[уреди] Претседател на Македонија
На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата. Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.
На 12 мај 2004 ја презел функцијата претседател и се повлекол од премиерската положба и претседателската функција во партијата. За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.
[уреди] Лидер на опозиција
На 24 мај 2009 Бранко Црвенковски повторно застанал на чело на Социјалдемократскиот Сојуз.[2]
[уреди] Цитати
| „ | Ако дојдеме до компромис со кој се гарантира дека името на нашиот народ е македонски, дека името на нашиот јазик е македонски, тогаш привремената референца може да ја замениме со трајна која содржи географска одредница.[3] | “ |
[уреди] Извори
- ↑ www.sdsm.org.mk
- ↑ „Учество на избори“. http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=45&lId=1. проверено на 2010-01-30.
- ↑ Македонска информативна агенција
[уреди] Надворешни врски
| Претходник Борис Трајковски |
Претседател на Република Македонија 2004–-2009 |
Наследник Ѓорѓе Иванов |
| Претходник Никола Кљусев |
Премиер на Република Македонија 1992–1998 |
Наследник Љубчо Георгиевски |
| Претходник Љубчо Георгиевски |
Премиер на Република Македонија 2002–2002 |
Наследник Хари Костов |
|
|||||||||||
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
- Родени на 12 октомври 1962
- Родени во октомври 1962
- Родени во 1962 година
- Родени во Сараево
- Живи луѓе
- Претседатели на Република Македонија
- Премиери на Република Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 1992
- Состав на Владата на Република Македонија од 1994
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Пратенички состав 1991-1994
- Пратенички состав 1998-2002
- Политичари од СДСМ