21 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
21 декември е 355-иот ден во годината според григоријанскиот календар (356-и во престапна година). Остануваат 10 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1991 | Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави. |
| 1994 | Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југо-источниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години. |
| 1994 | Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина. |
| 1968 | Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата. |
| 1945 | Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени. |
Родени:
| 1879 | Јосиф Сталин, советски државник и политичар. |
| 1880 | Донка Ушлинова, македонска револуционерка. |
| 1906 | Игњат Крстевски, македонски градежен инженер. |
| 1917 | Хајнрих Бел, германски писател. |
| 1922 | Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер. |
| 1924 | Крум Томовски, македонски академик. |
| 1942 | Ху Џинтао, поранешен претседател на НР Кина. |
| 1967 | Михаил Саакашвили, претседател на Грузија. |
Починале:
| 1375 | Џовани Бокачо, славен Италијански писател и хуманист. |
| 1401 | Мазачо, италијански уметник. |
| 1940 | Френсис Скот Фицџералд, американски писател . |
| 1987 | Виктор Аќимовиќ, југословенски и македонски публицист. |
| 2006 | Сапармурат Нијазов, туркменистански автократ. |
Празници:
| * | Краткоденица, на северната полутопка денот е долг само 8 часа, а ноќта 16. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |