7 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
7 декември е 341-иот ден во годината според григоријанскиот календар (342-и во престапна година). Остануваат 24 денови до крајот на годината.
Настани:
| 43 п.н.е. | Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и философи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија. |
| 1900 | Макс Планк ги открил законите за зрачење на црното тело. |
| 1917 | Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австро-Унгарија. |
| 1941 | Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Пацификот. |
| 1988 | Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе. |
| 1995 | Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје. |
| 2005 | Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од хашкиот трибунал, на Канарските острови. |
Родени:
| 1302 | Ацоне Висконти, владетел на Милано. |
| 1598 | Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености. |
| 1906 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. |
| 1909 | Никола Јонков Вапцаров, македонски пролетерски поет и револуционер. |
| 1928 | Ноам Чомски, американски лингвист и политички активист. |
| 1976 | Маја Апостолоска, македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка. |
| 1990 | Давид Гофан, белгиски тенисер. |
Починале:
| 1894 | Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер |
| 1993 | Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |