Макс Планк
Од Википедија
Фотографија од Макс Планк
Макс Планк (германски: Max Planck) (Киел, 23 април 1858 – Гетинген, 4 октомври 1947) бил германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика.