Овен Виланс Ричардсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сер Овен Виланс Ричардсон
Нилс Бор и Ричардсон (десно) на Солвајската конференција од 1927
Роден(а)26 април 1879(1879-04-26)
Девсбру, Јоркшир, Англија
Починал(а)15 февруари 1959(1959-02-15) (возр. 79)
Алтон, Хемпшир, Англија
НационалностОбединето Кралство Британец
ПолињаФизика
УстановиКембрички универзитет
Универзитет Принстон
Кралски колеџ (Лондон)
ОбразованиеКембрички универзитет
Универзитетски колеџ во Лондон
Докторски менторЏозеф Џон Томсон
ДокторандиКарл Тејлор Комптон
Клинтон Дејвисон
Познат поЗакон на Ричардсон
Поважни наградиКралски медал (1930)
Нобелова награда за физика (1928)
Хјузов медал (1920)

Сер Овен Виланс Ричардсон (англиски: Sir Owen Willans Richardson 26 април 1879 - 15 февруари 1959) — британски физичар кој добил Нобелова награда за физика во 1928 „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ричардсон се родил во Девсбру, Јоркшир, Англија, единствениот син на Џошуа Хенри и Шарлот Марија Ричардсон. Се образовал во „Бетли“ школото за граматика и колеџот „Тројство“ во Кембриџ, каде што добил првокласни почести по природни науки. Тогаш тој станал доктор на науки во Универзитетскиот колеџ во Лондон во 1904.

Овен Ричардсон (1928)

По дипломирањето во 1900, почнал да истражува за емисијата на електрична енергија од вжештени тела во Кевендишката лабораторија во Кембриџ, и во 1902 станал член на колеџот „Тројство“. Во 1901, демонстрирал дека вредноста од вжештена жица зависи експоненцијално од температурата на жицата со математичка форма слична на Равенката на Арениус. Ова станало познато како „Закон на Ричардсон“: „ Ако негативното зрачење се должи на честичките кои произлегуваат од металите, вредноста на заситеност (s) треба да го почитува законот “.[2]

Ричардсон бил професор во Универзитетот Принстон од 1906 до 1913, и се вратил во Велика Британија во 1914 за да стане „Витстоун“ професор по физика во Кралскиот колеџ (Лондон), каде подоцна бил главен истражувач. Се пензионирал во 1944 и починал во 1959.

Тој исто така го проучувал и фотоелектричниот ефект, гиромагнетниот ефект, емисијата на електрони при хемиски реакции, слаби Х-зраци, и спектарот на водородот.

Ричардсон се оженил со Лилијан Вилсон, сестра на негов колега од Кевендиш, Херолд Вилсон, во 1906, и заедно имале два сина и една ќерка. Сестрата на Ричардсон се омажила за американски физичар и нобелист Клинтон Дејвисон, студент на Ричардсон. По смртта на Лилијан во 1945, повторно се оженил во 1948 со Хенриет Рап, физичар.

Овен Виланс Ричардсон имал син Херолд Овен Ричардсон кој бил специјалист за јадрена физика и исто така бил директор, оддел на физичари, колеџ „Бедфорд“, Лондонски универзитет и подоцна станал „емиритус“ професор во Лондонскиот универзитет.

Почести[уреди | уреди извор]

Ричардсон станал член на кралското друштво во 1913, и бил награден со Хјузовиот медал во 1920. Ја добил Нобеловата награда по физика во 1928, „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.[3] Бил прогласен за витез во 1939.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nobel Foundation (1928). „Owen Willans Richardson: The Nobel Prize in Physics 1928“. Les Prix Nobel. Посетено на 2007-09-17.
  2. O. W. Richardson (1901) "On the negative radiation from hot platinum," Philosophical of the Cambridge Philosophical Society, 11 : 286-295; see especially p. 287.
  3. Nobel prize citation, Nobel foundation website

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]