Џон Хол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Хол
Хол на средбата на добитниците на Нобелова награда во 2012 година
Роден(а)21 август 1934(1934-08-21)(89 г.)
Денвер, Колорадо, САД
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиКолорадски универзитет, JILA, NIST
ОбразованиеКарнегиев институт за технологија
Познат пооптички честотен чешел
Поважни наградиЗлатен медал од министерството за трговија (1969)
Нобелова награда за физика (2005)

Џон Хол (21 август 1934) — американски физичар, и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој земал една четвртина од Нобеловата награда за физика заедно со Теодор Хенш и Рој Глаубер за нивната работа во прецизната спектроскопија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден во Денвер, Колорадо,Хол поседува три дипломи од Карнегиевиот институт за технологија, и [дипломирал во 1956 година, а магистрирал во 1958 година, докторатот го зел во 1961 година. Тос своите подокторски студии ги завршил при министерството за трговија во Националното биро за стандарди, денес Националениот институт за стандарди и технологија (NIST), каде останал од 1962 година па сè до неговото пензионирање ви 2004 година. Тој држел предавања на Колорадскиот унверзитет од 1967 година.

Хол моментално е постар член на (NIST), професор во пензија и член на JILA, порано познат како Содружен институт за лабораториска астрофизика, и предавач на оддеот за физика при Колорадскиот универзитет. (JILA) — истражен институт управуван заедно од Колорадскиот универзитет и (NIST).

Хол поделил половина од својата Нобелова награда Теодор Хенш за нивната пионерска работа заснована на ласерската прецизна спектроскопија, како и на оптичкиот честотен чешел. Другата половина од наградата ја добил Рој Глаубер.

Хол има добиено многу почести за неговата пионерска работа, вклучувајќи ја тука и наградата на Оптичкото друштво на Америка Макс Борн „за пионерски придонеси при стабилни ласери, вклучувајќи ги тука и основите на физиката и од неодамна за стабилизацијата на фемтосекундните ласери, со што е постигнат драматичен напредок во оптичкочестотната методологија.“

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Претседателот Џорџ Буш на средбата со добитниците на Нобеловата награда во 2005 година. Од лево кон десно се Д-р. Џон Хол, Д-р. Томас Шелинг, добитник на Нобеловата награда за економија, Д-р. Рој Глаубер, Д-р. Ричард Шрок и Д-р Роберт Грабс, добитници на Нобеловата награда за хемија.
  • Член на Националната јаглеродна компанија, 1957–1961
  • Златен медал од министерството за трговија, 1969
  • Стратонова награда , 1971
  • латен медал од министерството за трговија, 1974 (групни награди)
  • IR-100: Ласерски стабилизатор избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1975
  • IR-100: Ласерски брановодолжински метар („Ламбдаметар“) избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1977

Кондонова награда, 1979

  • Таунсова награда од Оптичкото друштво на Америка, 1984, Заедно со Чеботајев (Советска академија на науките)
  • Девисон-Гермерова награда на Американското друштво на физичари, 1988
  • Почесен професор на Парискиот северен универзитет, 1989
  • Ајвесов медал на Оптичкото друштво на Америка, 1991
  • Ајнштајнова награда за ласерска наука, 1992
  • Шалова награда на Американското друштво на физичари, 1993
  • Астинова награда за мерни науки, 2000
  • Макс Борнова награда од Оптичкото друштво на Америка, 2002[1]
  • Претседателска награда од Канцеларијата за управување на персоналот, 2002
  • Златен медал од министерството за трговија, 2002 (group awards)
  • Рабиева награда, 2004[2]
  • Нобелова награда за физика, 2005
  • Почесен професор на Глазговскиот универзитет, 2007

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Max Born Award“. Optical Society. Посетено на August 27, 2011.
  2. „Rabi Award“. IEEE Ultrasonics, Ferroelectrics, and Frequency Control Society. Архивирано од изворникот на 2012-12-13. Посетено на August 27, 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]