Ричард Фајнман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ричард Фајнман

Ричард Филипс Фајнман (англиски: Richard Phillips Feynman) бил еден од најголемите американски физичари на 20 век, познат како најголемиот ум по Ајнштајн.[1] Познат е по неговата лекција, во 1959, на темата нанотехнологија „Има доволно простор на дното“ (There's Plenty of Room at the Bottom). Фајнман го напишал 3-томно издание на „Лекции по физика“, универзитетски курс, кој се користи и денес. Проширувал значајна теорија на квантната електродинамика за што во 1965 ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Џулијан Швингер и Шиничиро Томонага. Создал дијаграми за интеракциите на елементарни честички кои го носат неговото име и имаат огромна практична примена.[2][3] Тој помогнал во развојот на атомската бомба за време на Втората светска војна и станал познат во јавноста во осумдесеттите како член на Роџерова комисија,групата која ја истражувала несреќата на вселенскиот шатл Чаленџер.Покрај неговата работа на теоретската физика,Фејнман се смета за основоположник на квантниот сметач,[4][5]и за воведување на концептот на нанотехнологијата. Тој бил професор по теоретска физика на Калифорнискиот институт за технологија.

Фејнман бил жесток поборник за популаризирање на физиката преку книги и предавања,особено предавањата за нанотехнологија од 1959 година, и тритомното издание додипломски предавања Фејнмановите предавања за физика. Фејнман исто така станал познат преку неговите полубиографски книги Сигурно се шегувате г.Фејнман и Што ви е гајле што мислат другите луѓе и книги кои се напишани за него.

Детство[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Physics World poll names Richard Feynman one of 10 greatest physicists of all time“. Media.caltech.edu. http://media.caltech.edu/press_releases/12019. конс. 1 декември 2012. 
  2. West, Jacob (1 јуни 2003). „The Quantum Computer“. http://www.xootic.nl/magazine/jul-2003/west.pdf. конс. 20 септември 2009. 
  3. Quantum computation. David Deutsch, Physics World, 1/6/92
  4. West, Jacob (јуни 2003). „The Quantum Computer“. http://www.xootic.nl/magazine/jul-2003/west.pdf. конс. 20 септември 2009. 
  5. Deutsch 1992, стр. 57-61.