Абдус Салам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мохамед Абдус Салам
محمد عبد السلام
Abdus Salam 1987.jpg
Абдус Салам во 1987
Роден 29 јануари 1926
Џанг, Британска Индија (денес Пакистан)
Починал 21 ноември 1996(1996-11-21) (воз. 70 г.)
Оксфорд, Обединето кралство
Националност Пакистан Пакистанец[1]
Полиња Теоретска физика
Установи PAEC · SUPARCO · PINSTECH · Пенџабски униврзитет · Империјален колеџ во Лондон · Универзитет на Управниот колеџ · Кембрички универзитет · ICTP · COMSATS · TWAS
Образование Пенџабски универзитет
Универзитет на Управниот колеџ
Кембрички универзитет
Теза „Ренормализација на квантната теорија за полето“ (1952)
Докторски ментор Николас Кемер
Други ментори Пол Метјус
Докторанти Мајкл Даф · Али Чамседин · Роберт Делбурго · Валтер Гилберт · Џон Мофат · Јувал Нееман · Џон Полкингхорн · Ријазудин · Фајазудин · Масуд Ахмад · Парта Госе · Камалудин Ахмед · Гулам Муртаза · Мунир Ахмад Рашид
Други значајни студенти Фахим Хусаин · Первез Худбој · Абдул Хамид Најар · Гулам Дастагир Алам
Познат по Електрослабо заемодејство · Голдстонов бозон · Теорија на сè · Хигсов механизам · Магнетен фотон · Неутрална струја · Пати-Саламов модел · Квантна механика · Пакистанска атомска развојна програма · Пакистанска вселенска програма · Преон · Стандарден модел · Силна гравитација · Суперполе · W и Z бозони ·
Поважни награди Смитова награда (1950)
Адамсова награда (1958)
Нишан е Пакистан (1959)
Хјуов медал (1964)
награда „Атоми за мир“ (1968)
Кралски медал (1978)
Нобелова награда за физика (1979)
Ломоносов златен медал (1983)
Коплиев медал (1990)
награда „Кристофоро Коломбо“ (1992)
Сопружник Амтул Хафиз Бегум
Луиз Џонсон
Потпис

Абдус Салам [2] (урду: محمد عبد السلام; Џанг, 29 јануари 1926 - Оксфорд, 21 ноември 1996[3]Англија)[4] — теоретски физичар, познат по електрослабата теорија.[4]Студирал математика и физика на Унивртзитетот во Кембрџ и станал професор по физика на Кралскиот колеџ во Лондон. Таму работел на основање на електрослабата теорија, за која ја поделил Нобеловата награда за физика во 1979г заедно со Шелдон Глашоу од САД и Стивен Ваинберг исто така од САД.[4] Абдус Салам бил првиот муслиман што станал добитник на Нобелова награда[5] и до денес е единствениот пакистански лауреат на Нобеловата награда[6][7].

Друго негово постигање е основањето на центар во Трст, Италија за промовирање на науката во светот во развој. Салам бил советник за наука при владата на Пакистан од 1960 до 1974, позиција од која имал главна и влијателна улога во пакистанската научна инфраструктура.[7][8] Салам бил одговорен не само за главниот развој и придонес во теоретската и физиката на честичките, туку и за промоција на научните истражувања на највисоко ниво во оваа земја[8]. Салам бил прв директор на Вселенската и високоатмосферска комисија за истражување (SUPARCO), и одговорен за основањето на Групата за теоретска физика (TPG) во Пакистанската комисија за атомска енергија (PAEC)[9]. Како советник за наука, Салам имал севкупна улога во пакистанскиот развој на нуклеарната енергија за мирнодопски цели, авоедно допринесол за развојот на пакистанската атомска бомба во 1972 година,[10], поради тоа, бил гледан како „татко научник“ на оваа програма во очите на научниците кои биле под неговиот истажувачки чадор.</ref> for this, he is viewed as the "scientific father"[2][11] of this programme in the views of the scientists who researched under his scientific umbrella.[12][13][14].

Во 1974 година, Абдус Салам заминал од неговата земја, во протест, поради зигласувањето на спорниот закон од страна на пакистанскиот парламент, кој во својот текст муслиманската заедница на Ахмадија ја прогласува за неисламска. Дури и по неговата смрт, Салам останал еден од највлијателните научници во неговата земја. Во 1998, по извршените нуклеарни тестови на земјата, владата на Пакистан издаде комеморативна поштенска марка, како дел од серијата „Научниците на Пакистан“, во чест на постигнувањата на Салам.[15]

Главните и забележителни достигнувања на Салам се пред се: Пати-Саламовиот модел, магнетниот фотон, векторскиот мезон, теоријата на сè, работата на суперсиметријата, и најважното, електрослабата теорија, за која тој ќе биде награден со Нобелова награда најпрестижна награда во физиката.[5] Салам даде голем придонес во теоријата на квантното поле и унапредувањето на математиката на Кралскиот колеџ во Лондон. Со неговиот студент Ријазудин, Салам даде голем придонес за модерната теорија за неутрината, неутронски ѕвезди и црни дупки, како и за работата на осовременување на квантната механика и теоријата на квантното поле. Како учител и поборник за науката, Салам е запаметен како основач и татко на математичката и теоретската физика во Пакистан во периодот кога бил советник за наука на претседателот.[8][16] Салам дал огромен придонес за подигнувањето на пакистанската физика во заедницата на физичарите во светот.[17][18] Дури до неговата смрт Салам продолжил со придонесот за физиката и неуморно помагал во развојот на науката во земјите од “Третиот Свет”.[19]

Биографија[уреди | уреди извор]

Младост и образование[уреди | уреди извор]

Абдус Салам е роден како син на Чаудри Мухамед Хусеин и Хаџира Хусеин во семејството на Ахмадити Пенџаби Раџпут, кое го прифатило исламот во XII век и имало долга традиција на побожност и страст за учење (неговиот дедо, Гул Мухамед бил веронаучник а воедно и лекар).[3] Таткото на Салам бил вработен во образованието во државното образование во Пенџаб во сиромашна фармерска област.

На возраст од 14 години, Салам ги добил највисоките оцени на матурскиот испит на Пенџабскиот универзитет.[20] Тој добил целосна стипендија на државниот Лахорски универзитетски колеџ, во држава Пенџаб.[21] Салам бил свестран ученик, заинтересиран за урдската и англиската литература подрачја во кој бил инзвореден.[22] Но подоцна ја одбрал математиката како негово поле на инетерес.[23] Менторот на Салам и неговите подучувачи сакале да стане учител по англиски јазик, но Салам решил да се држи до математиката.[24] Како студент од четврта година, ја објавил својата работа на математичките проблеми на Шриниваса Рамануџан, и со нив ја стекнал дипломата по математика во 1944 година.[25] Неговиот татко сакал тој да се придружи на индиската државна служба.[24] Во тој период индиската државна служба била најголемото достигнување за младите универзитетски дипломци и цивилни службеници кои завземале значајни места во граѓанското општество.[24] Почитувајќи ја желбата на неговиот татко, Салам се обидел во Индиската железница, но не се квалификувал за службата бидејќи не ги поминал медицинските тестови за вид бидејќи носел очила уште од рана возраст.[24] Резултатите довеле до заклучок дека Салам паднал на механичкиот тест баран од железничките инженери чија цел е да го добијат работното место во индиската железница, а дополнителен проблем бил што Салам бил премлад за да се натпреварува за работата.[24] Од овие причини, индиската железница го одбила барањето на Абдус Салам за вработување. Додека престојувал во Лахор, Абдус Салам продолжил да ја посетува школата за дипломци на Државниот универзитетски колеџ.[24] Тој тука се стекнал со титулата магистер по математика на Дрќавниот универзитетски колеџ во 1946 година. Во истата година, му доделиле стипендија на Кембричкиот универзитет, каде што ја стекнал дипломата со двојни почести од прва класа по математика и физика во 1949 година.[26][24]

Во 1950, ја добил Смитовата награда од Кембричкиот универзитет за најистакнат преддокторски придонес за физиката.[19] [27]По дипломирањето, Фред Хојл го советувал Салам да помине уште една година во Кембричката лабораторијата Кевендиш каде би вршел истражувања во експерименталната физика, но Салам немал трпение за обавување на долги лабораториски експерименти.[24] Салам се вратил во Џанг, Пенџаб (сега дел од Пакистан) и ја обновил стипендијата и се вратил во Обединетото Кралство за да го заврши докторатот.[24]

Тој добил диплома Доктор на науки по теоретска физика од Кембричката лабораторија Кевендиш.[28][29] Неговата докторска теза содржела обемен и значаен труд од областа на квантната електродинамика.[30] Кога била објавена во 1951 година, веќе му обезбедила меѓународно признание Адамовата награда.[31] За време на докторските студии, неговите ментори го предизвикале во период од една година да го реши математичкиот проблем којшто им пркосел на големите умови како што се Дирак и Фејнман.[24] За шест месеци Салам нашол решение за повторно нормализирање на мезонската теорија. Со предложеното решение во лабораторијата на Кавендиш, Салам го привлекол вниманието на Бете, Опенхајмер и Дирак.[24]

Академска кариера[уреди | уреди извор]

По неговиот докторат во 1951, Салам се вратил на Државниот универзитетски колеџ како професор по математика каде што останал се до 1954 година. За време на истиот период, бил претседател на одделот за математика, како и професор на Пенџабскиот уиверзитет. Со неговото поставување за претседател, Салам барал да се унапреди наставата на универзитетот, создавајќи предмет квантна механика.[32] Оваа негова одлука била поништена од проректорот, по што Салам одлучил да предава вечерен курс по квантна механика надвор од регуларната настава.[33] Додека Салам различно прифатен на универзитетот, тој почнал да го надгледува образованието на студентите кои делумно биле под негово влијание.[34] Како резултат Ријазудин бил единствениот студент кој имал привилегија да учи под менторство на Салам на додипломско и постдипломско ниво во Лахор, и пост-докторско ниво на Кембричкиот универзитет. Во 1953 година Салам не бил во можност да го основа истражувачкиот институт во Лахор, бидејќи се соочил силно противење од неговите современици.[35] Во 1954 година Салам станал еден од првите членови на Пакистанската академија на науките. Како резултат на нередите во Лахор во 1953 година, Салам се вратил на Кембриџ, каде завземал позиција на професор по математика.[36]

Во 1957 тој бил поканет да ја превземе катедрата на Кралскиот колеџ во Лондон, каде тој и Пол Метјус започнале со воспоставувањето на одделот за теоретска физика на Кралскиот колеџ.[37] Како што одминувало времето овој оддел станал еден од најпрестижните истражувачки оддели каде работеле добропознатите физичари како Стивен Вајнберг, Том Кибл, Џералд Гуралник, Хаген, Ријазудин и Џон Вард.

Во 1957 година, Пенџабскиот универзитет му доделил на Салам почесен докторат за неговиот допринос во физиката на честичките.[38] Истата година со помош на неговиот ментор, Салам ја покренал програмата за стипендирање на неговите студенти во Пакистан. Салам ги задржал силните врски со Пакистан и ја постувал земјата од време на време.[39]На Кембриџ и Кралскиот Колеџ тој формирал група на теоретски физичари, од кои голем дел биле негови студенти од Пакистан.

Во 1959 тој станал еден од најмладите именувани членови на Кралското друштво на возраст од 33 години.[3] Салам стана член на Принстонскиот универзитет во 1959 година, каде што се сретнал со Опенхајмер[40] и на кого му ја презентирал својата истражувачка работа[41]за неутрината. Опенхајмер и Салам разговарале за основите на електродинамиката, проблемите и нивните решенија.[42] Негов посветен личен помошник бил Жан Буклеј. Во 1980 година, Салам станал надворешен соработник на Бангладешката академија за науките.[43]

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Предавањата на Абдус Салам за теоријата на сè при Чикашкиот универзитет

Рано во неговата кариера, Салам дал важен и значаен придонес во квантната електродинамика и квантната теорија на полето, како и проширување на истата кај нуклеарната физика и физиката на честичките. Во неговата рана кариера во Пакистан, Салам бил многу заинтересиран за математичките редови и нивната врска со физиката. Салам играл влијателна улога во унапредувањето на нуклеарната физика, но тој се задржал и се посветил на математиката и теоретската физика и го фокусирал Пакистан да прави повеќе истражувања во теоретската физика.[24] Како и да е тој ја гледал нуклеарната физика (нуклеарната фисија и нуклеарната енергија) како непионерски дел од физиката бидејќи сè било познато.[24] Дури и во Пакистан, Салам бил водечка движечка сила во теоретската физика, со многу научници тој продолжил да влијае и да ја поттикнува да ја продолжат нивната работа на теоретската физика.[24]

Салам имал богата истражувачка кариера во теоретската и високо-енергетската физика.[44] Салам работел на теоријата на неутриното – недостижна честичка за која што прв поставил хипотеза Волфганг Паули во 1930-ите. Салам ја вовел хиралната симетрија во теоријата на неутрината. Воведувањето на хиралната симетрија одиграло клучна улога во подоцнежниот развој на теоријата на теорија за електрослаби заемодејства.[45] Салам подоцна му ја предал својата работа на Ријазудин, кој дал пионерски придонес за неутрината. Салам го вовел масивниот хигсовите бозони во теоријата на стандардниот модел, каде што подоцна го предвидел постоењето на протоновиот распад. Во 1963, Салам ја публикувал неговата теоретска работа на векторскиот мезон. Трудот го претставил заемодејството на векторскиот мезон, фотон (векторска електродинамика), и ренормализацијата на познатата маса на векторскиот мезон по заемодејството.[46] Во 1961 година, Салам почнал да работи со Џон Клив Вард на симетриите и електрослабото обединување.[47][48] Во 1964 година, Салам и Вард работеле на баждарната теорија за слабото и електромагнетното заемодејство, последователно добивајќи го моделот SU(2) x U(1). Салам бил убеден дека заемодејството на сите елементарни честички всушност се баждарни заемодејства.[49] Во 1968, заедно со Вајнберг и Шелдон Глашоу, Салам го формулирал математичкиот концепт на нивната работа. Додека на Кралскиот колеџ, Салам заедно со Глашоу и Џефри Голдстон, математички ја докажале Голдстоновата теорема, дека безмасена и со спин мора да се појави во теоријата како резултат на спонтаното нарушување на непрекинатата симетрија. Во 1960, Салам и Вајнберг го вклучиле Хигсовиот механизам во Глашуовото откритие, давајќи и современ облик во електрослабата теорија, и со што го теоретизирал стандардниот модел.[50] Во 1968, заедно со Вајнберг и Шелдон Глашоу, Салам конечно го формулирал математичкиот концепт на нивната работа.

Во 1966 Салам извел пионерска работа на хипотетичките честички. Салам го покажал можното електромагнетно заемодејство меѓу магнетниот монопол и симетриското нарушување, формулирајќи го магнетниот фотон.[51]

Побојавувањето на трудот PRL за нарушувањето на симетријата во 1964, Стивен Вајнберг и Салам биле првите што го примениле Хигсовиот механизам при нарушувањето на електрослабата симетрија. Салам обезбедил математички постулат за заемодејството помеѓу Хигсовиот бозон и теоријата за електрослаба симетрија.[52]


Во 1972, Салам почнал да работи со Индиско-Американскиот теоретски физичар Џогеш Пати. Пати му пишувал на Салам неколку пати изразувајќи интерес да работи под раководство на Салам, пришто Салам на крај го поканил Пати на семинарот ICTP во Пакистан. Салам му укажал на Пати дека треба да има длабока причина зошто протоните и електроните се толку различни а сепак носат еднакво но спротивно електрично полнење. Протоните содржат кваркови, но електрослабата теорија се грижела само за електроните и неутрината, со никаков постулат за кварковите. Ако сите природни состојки би можеле да се донесат во една нова симетрија, тоа би можело да се открие причината за различните својства на овие честички и силите што ги чувствуваат. Ова довело до развојот на Пати-Саламовиот модел во физиката на честичките.[53] Во 1973 година, Салам и Џогеш Пати биле првите што го забележале тоа дека додека кварковите и лептоните имаат многу слична SU(2)xU(1) содржина на приказ, сите би можеле да имаат слични ентитети.[54] Тие обезбедиле едноставно објаснување на кварк-лептоновата симетријата со претпоставка дека лептонскиот број бил четвртата боја, означена како „виолетова“.[55]

Физичарите верувале дека постојат четири основни сили на природата: силата на гравитацијата, силната и слабата нуклеарна сила и електромагнетната сила. Салам работел на обединувањето на тие сили од 1959 година заедно со Глашоу и Вајнберг. Додека бил на Кралскиот колеџ во Лондон, Салам успешно покажал дека слабите нуклеарни сили не се навистина поразлични од електромагнетните сили, и двете можат да направат меѓупреобразба. Салам овозможил теорија која го покажува обединувањето на двете основни природни сили, преминот на слабите нуклеарни сили и електромагнетните сили, една во друга. [56] Глашоу исто така го формулирал истиот труд и теоријата била споена во 1966 година. Во 1967 година, Салам математички го докажал обединувањето на електрослабата теорија, и конечно го објавил трудот. За овие достигнувања на Салам, Глашоу и Вајнберг им била доделена Нобеловата награда за физика во 1979 година. Фондацијата за Нобелова награда оддала почит на научниците и објавила изјава велејќи: „За нивниот придонес за теоријата на обединувањето на електрослабото и електромагнетното заемодејство меѓу елементарните честички, вклучувајќи го, и предвидувањето на слабата неутрална струја“.[5] Во 1970-тите Салам продолжил со обидите да ги обедини силите со вклучувањето на силното заемодејство во теоријата на сè.

Владина работа[уреди | уреди извор]

Абдус Салам веднаш се вратил во Пакистан во 1960 да завземе место во владата што му било дадено од претседателот Фелдмаршалот Ајуб Кан. Од неговата независност, Пакистан никогаш немала кохерентна научна политика и целосните трошоци за истражување и развој претставувале приближно 1,0% од БДП на Пакистан.[55] Дури и главното седиште на Пакистанската Комисија за Атомска Енергија (PAEC) била лоцирана во една мала, и помалку од 10 научници работеле на фундаменталните концепти на физиката.[56] Абдус Салам го заменил Салимузаман Сидики како научен советник, станал прв член (технички) на Пакистанската Комисија за Атомска Енергија (PAEC). Абдус Салам ја проширил мрежата на истражувањето во физиката и развојот во Пакистан со испраќање на повеќе од 500 научници во странство.[57] Во септември 1961, Абдус Салам му ја предложил на претседателот Ајуб Кан да ја постават првата државна вселенска агенција .[58] На 16 септември 1961, по извршна наредба, била основана комисијата за Вселенско и за истражување на Горната Атмосфера, во која Абдус Салам работел како прв директор.[58] Пред 1960, многу малку била направена истражувачка работа на научниот развој, и научните активности во Пакистан биле скоро намалени. Абдус Салам го повикал Ишфак Ахмад, нуклеарен физичар, кој ја напуштил земјата и отишол во Швајцарија каде што се придружил на ЦЕРН, во Пакистан. Со поддршка од Абдус Салам, PAEC го воспоставил PAEC Лафоре Центарот-6, со Ишфак Ахмад како негов прв директор.[59] Во 1967, Абдус Салам станал централна и административна личност за водење на двете, теоретската и физиката на честичките.[16] Со воспоставувањето на Институтот за Физика на Квајд-е-Азам Универзитетот, истражувањето во теоретската и физиката на честичките било вклучено.[16] Под управа на Абдус Салам, физичарите ги реализирале најглавните проблеми во физиката и математиката.[16] Друг физичар, Ријазудин Сидики, поставил бројни истражувачки групи на физичари и ги надгледувал истражувачките активности во академските институции на Пакистан. .[7] Под управа на Абдус Салам, истражувањето во физиката достигнало точка што дошло до барање за светско признавање на пакистанските физичари.[7] Од 1950-сеттите, Абдус Салам неуморно се обидувал да го основа вискоко покренатите истражувачки институти во Пакистан, меѓутоа тој не бил во можност да го направи тоа. Абдус Салам го преместил штабот на PAEC во Поголема зграда, и основал истражувачки лаборатории насекаде низ земјата.[60] Под раководење на Абдус Салам, Ишрат Хусеин Усмани ги основал комитетите за експлоатација на ураниум низ земјата. Во октомври 1961, Абдус Салам отпатувал во Соединетите Држави и потпишал договор за вселенска соработка меѓу Пакистан и Соединетите Држави. Во ноември 1961, NASA почнала да гради вселенска единица – тестирање на распонот на летањето – во Балочистан каде што Абдус Салам служел како прв технички директор. Абдус Салам играл влијателна и значајна улога во пакистанскиот развој на нуклеарната енергија за мирољубиви цели. Во 1964, Абдус Салам станал директор на пакистанската IAEA делегација и го претставувал Пакистан во текот на една деценија.[61] Истата година, Абдус Салам му се придружил на Мунир Ахмед Кан – саламовиот животен пријател и современик на Колеџот на Владиниот Универзитет. Кан бил првата личност во IAEA што Абдус Салам го консултирал за основањето на Интернационалниот Центар за Теоретска Физика, истражувачка институција за физиката, во Трст, Италија. Со согласноста потпишана со IAEA , Интернационалниот Центар за Теоретска Физика бил основан со Абдус Салам како негов прв директор. Во IAEA, Абдус Салам неуморно ја поддржувал важноста на нуклеарните централи во неговата земја.[62] Тоа било до неговите напори што во 1965, Канада и Пакистан потпишале спогодба за нуклеарна соработка. Салам добил дозвола од Ајуб Кан – спротивно на желбите на Ајуб Кановите владини функционери да ја постави нуклеарната централа во близина на Карачи.[63] Во 1965, со напорите водени од Абдус Салам , Соединетите Држави и Пакистан потпишале спогодба, во која U.S. му обезбедила на Пакистан со мал истражувачки реактор. Абдус Салам долго сонувал да основа истражувачки институт во Пакистан, за кој што тој бил поборник во многу различни околности. Во 1965, Абдус Салам и Едвард Дурел Стоун потпишале договор за основање на пакистанскиот Институт за Нуклеарна Физика и Технологија во Нилоре Исламабад.[64]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име chowkbio.
  2. 2,0 2,1 Rizvi, Murtaza (21 ноември 2011). „Salaam Abdus Salam“. The Dawn Newspapers. http://web.archive.org/web/20120217182735/http://www.dawn.com/2011/11/21/salaam-abdus-salam.html. „Mohammad Abdus Salam (1926–1996) was his full name, which may add to the knowledge of those who wish he was either not Ahmadi or Pakistani. He was the guiding spirit and founder of Pakistan's atomic bomb programme as well as Pakistan Atomic Energy Commission and Space and Upper Atmosphere Research Commission (SUPARCO).“ 
  3. 3,0 3,1 3,2 doi:10.1098/rsbm.1998.0025
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. 4,0 4,1 4,2 Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.
  5. 5,0 5,1 5,2 1979 Nobel Prize in Physics“, „Nobel Prize“.
  6. This is the standard transliteration (e.g. see the ICTP Website and Nobel Bio). Other transliterations include Abdus Salam; see Abd as-Salam for more details.
  7. 7,0 7,1 (Ghani 1982, стр. i–xi)
  8. 8,0 8,1 8,2 Riazuddin (21 ноември 1998). „Physics in Pakistan“. ICTP. http://portal.ictp.it/pio/words/newsletter/backissues/News_94/features_Pakistan.html/?searchterm=Riazuddin. конс. 2011. 
  9. (Rahman 1998, стр. 75–76)
  10. Abbot, Sebastian. „Pakistan shuns physicist linked to "God Particle"“, 9 јули 2012, стр. 1 (конс. 9 јули 2012). „In the 1960s and early 1970s, Salam wielded significant influence in Pakistan as the chief scientific adviser to the president, helping to set up the country's space agency and institute for nuclear science and technology. Salam also assisted in the early stages of Pakistan's effort to build a nuclear bomb, which it eventually tested in 1998“
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Muslim_Times.2C_Lahore.
  12. Our Correspondents. „Scientists asked to emulate Dr Salam's achievements“. 7 October 2004. Dawn News International, Archive 2004. http://archives.dawn.com/2004/10/07/nat13.htm. конс. 22 јануари 2012. 
  13. (Rahman 1998, стр. 10–101)
  14. „Re-engineering Pakistan and Physics from Pakistan Conference:MQM Stays loyal with Pakistan Armed Forces“. Jang News Group. Jang Media Cell and MQM Science and Technology Wing. 2011. http://jang.com.pk/jang/jun2011-daily/10-06-2011/main2.htm. конс. 11 јуни 2011. „Professor Muhammad Abdus Salam and Dr. Abdul Qadeer Khan, and other prominent scientists, have made Pakistan, a nuclear power. All of these scientists were poor or Muhajir (migrants from India), says Altaf Hussain.“ 
  15. Philately (21 ноември 1998). „Scientists of Pakistan“. Pakistan Post Office Department. архивирано од оригиналот на 20 февруари 2008. http://web.archive.org/web/20080220104654/http://www.pakpost.gov.pk/philately/stamps98/scientists_of_pakistan.html. конс. 18 февруари 2008. 
  16. Abdus Salam, As I Know him: Riazuddin, NCP
  17. Ishfaq Ahmad (21 ноември 1998). „CERN and Pakistan: a personal perspective“. CERN Courier. http://cerncourier.com/cws/article/cern/28934. конс. 18 февруари 2008. 
  18. Riazuddin (21 ноември 1998). „Pakistan Physics Centre“. ICTP. http://portal.ictp.it/pio/words/newsletter/backissues/News_90/dateline.html/?searchterm=Riazuddin. конс. 2011. 
  19. 19,0 19,1 Abdus Salam -Biography“, „Nobel Prize Committee“.
  20. (Fraser 2008, стр. 59–78)
  21. (Fraser 2008, стр. 78–80)
  22. (Murthi 1999, стр. 42)
  23. (Murthi 1999, стр. 43)
  24. 24,00 24,01 24,02 24,03 24,04 24,05 24,06 24,07 24,08 24,09 24,10 24,11 24,12 24,13 Khan, Munir Ahmad (22 November 1997). The Abdus Salam Memorial Meeting: A Tribute to Abdus Salam; a lifelong friendship with Abdus Salam. „ICTP and UNESCO World Heritage Site“ (Munir Ahmad Khan, Former Chairman of the Pakistan Atomic Energy Commission, former Head of the Nuclear Engineering Division, and former Head of the Reactor Engineering IAEA Division) 1 (1): 103–159. http://unesdoc.unesco.org/images/0011/001190/119078Eb.pdf. 
  25. Abdus Salam, A Problem of Ramanujam, Publ. in: Math. Student XI, Nos.1–2, 50–51 (1943)
  26. (Fraser 2008, стр. 189–186)
  27. (Fraser 2008, стр. 200–201)
  28. (Fraser 2008, стр. 202)
  29. (Duff 2007, стр. 39–40)
  30. (Fraser 2008, стр. 215–218)
  31. „Abdus Salam Nobel Prize in Physics Biography“. Nobelprize.org. 21 ноември 1996. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1979/salam-bio.html. конс. 9 декември 2012. 
  32. (Fayyazuddin 2005, стр. 5)
  33. (Fayyazuddin 2005, стр. 5–6)
  34. (Fayyazuddin 2005, стр. 7–8)
  35. (Fraser 2008, стр. 237–238)
  36. (Duff 2007, стр. 39–41)
  37. (Duff 2007, стр. ix)
  38. (Duff 2007, стр. 37)
  39. (Duff 2007, стр. iix)
  40. (Fraser 2008, стр. 239–240)
  41. (Fraser 2008, стр. 241–242)
  42. (Fraser 2008, стр. 250)
  43. „Professor Abdus Salam FRS (Deceased)“. 1980. http://www.bas.org.bd/fellowship/list-of-fellows-/userprofile/asalam.html. конс. 2011. 
  44. (Riazuddin 1994, стр. 322)
  45. (Riazuddin 2005, стр. 31–33)
  46. (Riazuddin 1994, стр. 124–127)
  47. doi:10.1007/BF02812723
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  48. doi:10.1016/0031-9163(64)90711-5
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  49. (Riazuddin 1994, стр. 149–157)
  50. Salam, A. (1968). "{{{title}}}" во Eighth Nobel Symposium. N. Svartholm Elementary Particle Physics: Relativistic Groups and Analyticity: 367, Stockholm: Almquvist and Wiksell. 
  51. Salam, A. (1966). Magnetic monopole and two photon theories of C-violation. „Physics Letters“ 22 (5): 683–684. doi:10.1016/0031-9163(66)90704-9. Bibcode1966PhL....22..683S. 
  52. (Riazuddin 1994, стр. 156–158)
  53. (Fraser 2008, стр. 205)
  54. (Riazuddin 1994, стр. 321–322)
  55. (Riazuddin 1994, стр. 322)
  56. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Riazuddin_2005_31.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:




Грешка во Lua во Модул:Navbox, ред 16: Tried to write global trim