Ричард Едвард Тејлор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ричард Едвард Тејлор
Роден(а)2 ноември 1929(1929-11-02)(94 г.)
Медисин Хет, Алберта
НационалностКанаѓанец
ПолињаЧестична физика
УстановиSLAC
LBL
Виша нормална школа
ОбразованиеСтенфорд
Албертски универзитет
Докторски менторРоберт Ф. Мозли
Поважни наградиНобелова награда за физика (1990)

Ричард Едвард Тејлор (англиски: Richard Edward Taylor; 2 ноември 1929 во Медисин Хет, Алберта) — добитник на Нобелова награда за физика и професор во пезнија при Стенфорд.[1] Во 1990 година, тој ја поделил Нобеловата награда за физика со Џером Ајзак Фридман и Хенри Веј Кендал „за нивните пионерски истражувања поврзани со нееластичното расејување на електроните од протонитеи сврзаните неутрони, кои се од основна важност за развојот на кварковиот модел во честичната физика.“[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Отако детството го минал во Медисин Хат, Тејлор дипломирал (1950) и магистрирал (1952) на Албертскиот универзитет во Едмонтон, Канада. Скоро венчан, тој се пријавил за докторска работа на Стенфорд, каде се придружил на Високоенергетската физичка лабораторија. Неговата докторска теза била експеримент кој користел поларизирани γ-зраци за да го испита создавањето на π-мезоните.

По поминати три години на Вишата нормална школа во Париз и една година во Лоренс Берклиевата лабораторија во Калифорнија, Тејлор се вратил на Стенфорд. Изградбата на Стенфордскиот линиски забрзувачки центар била во својот почеток. Во соработка со истражувачите од Калифорнискиот институт за технологија и МИТ, Тејлор работел на осмислувањето и изградбата на опремата, и бил вклучен во многуте експерименти.

Експериментите кои се спроведувале во SLAC при крајот на 1960-ите и почетокот на 1970-ите вклучувале расејување на високоенергетски зраци на електрони од протоните и деутероните и потешките јадра. При пониски енергии, веќе се знаело дека електроните се расејуваат само при мали агли, кои биле во согласност со идејата за тоа дека јадрата немаат внатрешна структура. Сепак, овие експерименти покажале дека електроните со повисоки енергии ќе се расејат со поголеми агли, со загуба на дел од енергијата. Ова длабоко нееластично расејување обезбедило разултати за првиот експериментален доказ дека протоните и неутроните се состојат од точкасти честички, подоцна препознаени како горни и долни кваркови кои претходно биле биле предвидени од теоретичарите. Експериментите исто така го обезбедиле првиот доказ за постоењето на глуоните. Тејлор, Фридман и кендал биле заедно наградени со Нобеловата награда за физика во 1990 година за овие нивни достигнувања.[3]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nobel autobiography
  2. Nobel prize citation
  3. Nobel prize press release
  4. „Taylor's entry in the SLAC index of faculty“. Архивирано од изворникот на 2009-05-17. Посетено на 2015-03-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]