Леон Купер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Леон Н. Купер (англиски: Leon N. Cooper, р. 28 февруари 1930) е американски физичар и Нобелов лауерат. Моментално е Томас Џ. Вотсон професор по наука на Универзитетот Браун.

Професорот Купер, кој е роден во Њу Јорк, во родниот град го завршува целото свое образование, вклучувајќи го и докторатот на престижниот Универзитет Колумбија во 1954 година. Работел на истражувања на реномирани институции низ целиот свет, меѓу кои Институтот за напредни студии, Универзитетот во Илиноис, Универзитетот во Охајо, како и Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).

Добитник е на бројни признанија од областа на науката, меѓу кои најважна е Нобеловата награда за физика од 1972 година, која ја споделува со Џон Бардин и Џон Роберт Шрифер. Наградата им е доделена за заедничката теорија, популарно наречена БЦС теорија, која го објаснува суперкондуктивитетот.

Член е на Американската Академија на Науките, Американската Академија на науките и уметностите, Американското друштво на физичари, Американското филозофско друштво и уште многубројни организации во САД и ширум светот.