Јоханес ван дер Валс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоханес ван дер Валс

Јоханес Дидерик ван дер Валс (холандски: Johannes Diderik van der Waals, 23 ноември 1837 - 8 март 1923) бил познат холандски физичар и математичар. Областа на негово интересирање била термодинамиката. Открил дека меѓумолекулски сили ( Ван дер Валсови сили ) воспоставуваат врска помеѓу притисокот, запремине и температура на гасовите и течностите.

Ван дер Валсова врска е слаба интереакција помеѓу моментите на електрични диполи атоми или молекули. Поврзувањето на молекулите на водата во течна и цврста состојба е делимично резултат на овие дипол-дипол интеракција. Добитник е на Нобелова награда за физика во 1910 за придонес кон теоријата на гасови и течности.