8 март

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Март 2024 8 март — 67-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (68-и во престапна година). Остануваат 298 денови до крајот на годината.

Настани:

1658  Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка.
1910  На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“.
1945  Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946  Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“.

Родени:

1566  Карло Џезуалдо — италијански композитор.
1879  Ото Хан — добитник на Нобеловата награда за хемија.
1899  Мато Ловрак — хрватски писател.
1907  Константин Караманлис — грчки политичар.
1929  Ебе Камарго — бразилска глумица, водителка и пејачка.
1938  Милан Галиќ — српски и југословенски фудбалер.
1941  Христо Крстевски — македонски писател и есеист.
1949  Теофило Кубилјас — перуански фудбалер.
1951  Џејмс Вилијамс — американски џез-музичар.
1960  Бак Вилијамс — американски кошаркар.
1977  Петар Ангелов — македонски ракометар.
1990  Петра Квитова — чешка тенисерка.
1995  Марко Гудуриќ — српски кошаркар.
1997  Тијана Бошковиќ — српска одбојкарка.

Починале:

1144  Целестин IIримски папа.
1869  Хектор Берлиоз — француски композитор.
1917  Фердинанд Цепелингермански генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин.
1923  Јоханес ван дер Валс — холандски физичар и математичар.
1942  Хосе Раул Капабланкакубански шаховски велемајстор.
1999  Џо Димаџо — американски играч на безбол.
2016  Џорџ Мартин — британски музички продуцент.

Празници:

Меѓународен ден на жената