Петар Ангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Ангелов
Лични податоци
Име и презиме Петар Ангелов
Роден(а) 8 март 1977
Кавадарци, Југославија
Спорт Ракомет
Висина 188
Тежина 103 кг
Позиција Голман
Клупски податоци
Тековен клуб Австрија Кремс
Број 26
Сениорски клубови
1997–2000
2000–2005
2005–2009
2009–2010
2010–2013
2013–2017
2017–2018
2018–
Македонија Кавадарци
Македонија Пелистер
Франција Трембле
Македонија Вардар ПРО
Македонија Металург
Македонија Вардар
Турција Анталијаспор
Австрија Кремс
Репрезентација 1
2002–2016 Македонија Македонија 138 (7)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 29 јануари 2012

Петар Ангелов (8 март 1977, Кавадарци), познат под прекарот Диви, е македонски ракометар, кој игра на позицијата голман. Тој го носи прекарот „Диви“ поради неговата способност да направи добра атмосфера, како на теренот така и на трибините, особено при неговите одбрани.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петар Ангелов е оженет и е татко на три деца.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во својата плодна кариера, Ангелов има играно во македонските ракометни клубови Кавадарци, Металург, Пелистер и Вардар, како и во францускиот Трембле.

Особено блескави настапи, Ангелов остварил во дресот на „Вардар“, каде дошол во 2013 година. Така, во Лигата на шампионите, во сезоната 2013-2014, во осминафиналниот натпревар против „Хамбург“, како и во четвртфиналниот натпревар против „Флензбург“, Ангелов имал голем придонес во победите на „Вардар“. Во декември 2014 година, тој го продолжил договорот со „Вардар“ на уште две години, до јуни 2017 година.[1]

На почетокот на 2018 година, тој потпишал за австрискиот клуб Кремс.[2]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ангелов бил стандарден македонски репрезентативец во периодот од 2002–2016 година, и бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 како и на Европските првенства одржани во 2012 и 2014 година. Ангелов исто така бил дел од македонскиот состав на Светското првенство 2015.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ангелов уште две сезони во Вардар“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 22.
  2. „Диви“ ќе го брани австрискиот Кремс Спортмедија; 5 февруари 2018