Стевче Алушевски
| Стевче Алушевски | |
| Лични податоци | |
|---|---|
| Роден на | 1 октомври 1972 |
| Висина | м |
| Тежина | 90 |
| Позиција | лево крило |
| Клуб | |
| Сегашен клуб | РК Металург |
| Број | 6 |
| Клубови | |
|
|
|
Стевче Алушевски е македонски ракометар, член на Македонската ракометна репрезентација. Игра на позицијата лево крило[1]. Роден е на 1 октомври 1972 година, во Сиднеј, Австралија[2], но набргу уште во раните детски години со семејството се враќа во Битола, од каде што потекнува неговото семејство. Во Битола ги завршува основното, средното и високото образование[3].
Својата ракометна кариера ја започнува во Битола, каде што уште во детството ги прави првите чекори во ракометот во младинската школа на РК Пелистер. На 17 годишна возраст во сезоната 1990/91, станува член на првата екипа на РК Пелистер од Битола[4]. Во текот на својата кариера играл за РК Пелистер, РК Преспа Јафа Промет од Ресен, РК Вардар од Скопје, а од 2010 преминал во РК Металург. Својата кариера најмногу ја поминал во РК Пелистер (10 сезони) и РК Вардар (9 сезони).
Во неговите професионални успеси се вбројуваат освоени единаесет првенства на Македонија и осум купови на Македонија. Во 2004 година е прогласен за најдобар ракометар на Македонија[5]. Во својата спортска кариера има три настапи во Младинската репрезентација на Југославија. За Македонската ракометна репрезентација одиграл 215 натпревари со постигнати над 1 000 голови.
За Македонската ракометна репрезентација одиграл 215 натпревари и учествувал на повеќе Европски и Светски првенства. Најзапметени ќе останат неговите решавачки голови и асистенции на Светското првенство во Хрватска во 2009, на натпреварите против Полска и Русија, по кои Македонија се пласира во втората фаза.
Тој е најстариот и најискусен, се уште активен член на македонската репрезентација и играч во македонското ракометно првенство воопшто. Женет е и татко е на 2 деца.
Наводи [уреди]
- ↑ http://www.eurohandball.com/ec/cwc/men/2006-07/player/502707
- ↑ http://www.eurohandball.com/ec/cwc/men/2006-07/player/502707
- ↑ „Значајни личности за Битола - Култура“ - зборник на НУБ, Битола, 2010 год. стр.12
- ↑ http://www.rkmetalurg.mk/storija/166
- ↑ „Значајни личности за Битола - Култура“ - зборник на НУБ, Битола, 2010 год. стр.12
|
|||||||