Хектор Берлиоз
Од Википедија
Хектор Берлиоз (Париз, 11 декември 1803 - Париз, 8 март 1869) бил француски композитор, творец на романтични музички дела и на француската модерна програмска музика. Изврши големо влијание на европската музика не само со своите композиции, туку и со своите статии и критики. Се смета за основач на музичкиот романтизам. Најпознати дела му се: „Фантастична симфонија“, „Харолд во Италија“, „Бенвенуто Челини“ и драмската легенда „Проклетството на Фауст“.