Петра Квитова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петра Квитова на Ролан Гарос 2011

Петра Квитова (чешки: Petra Kvitová) е чешка тенисерка.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Петра Квитова е родена во местото Биловец во поранешна Чехословачка, денешна Чешка на 8 март 1990. Има два брата по имиња Јиржи и Либор. Во детстовто нејзин идол била Мартина Навратилова.

Кариера[уреди | уреди извор]

2008[уреди | уреди извор]

Во 2008. Петра за првпат се квалификува на главниот жреб на некој WTA трунир. Тоа беше отвореното првенство на Париз. Во текот на овој турнир таа ја победи тогашната 30. светска носителка Анабел Медина Гаригес со резултат 6-2, 6-3. Во наредното коло беше поразена од Елена Дементиева. Истата година како квалификантка на турнирот во Мемфис ја победи и Венус Вилијамс со резултат 2-6, 6-4, 6-3 со што тоа беше нејзина прва победа над играч кој е во првите десет на WTA листата. Потоа таа беше поразена во првото коло на турнирот во Мајами и Прага, а во друго коло на турнирот во Стразбур. На Ролан Гарос, по првпат играше во сениорска конкуренција. Во првото коло ја победи Акико Моргами, во второто Саманта Стосур и во третото Агнеш Савај. Во осмина финале загуби од Каја Канепи, во три сета. На Вимблдон исто така испадна во прво коло но на турнирот во Будимпешта за првпат стигна до четвртфинале на некој WTA турнир. На турнирот во Цирих исто така стигна до четвртфинале и загуби од Ана Ивановиќ со резултат 6-1, 6-4. По овој турнир, за првпат се пласира и меѓу 50-те најдобри тенисерки на светот. На УС Опен исто така испадна во прво коло.

2009[уреди | уреди извор]

На почетоко на сезоната во 2009. година, Петра загуби во првото коло на турнирот во Бризбејн, меѓутоа на следниот турнир во Хобар ја освои својата прва титула на WTA турнирите. Пота загуви во првите кола на отвореното првенство на Австралија, Париз и Дубаи. На турнирот во Индиан Велс стигна до трето коло каде што беше поразена од Вера Звонарева. Потоа повторно забележа неколку испаѓања во првите кола на турнирите во Мајами, Барселона и Ешторпч. Нешто подобри резултати постигна на турнирите во Мадрид, Бостад, Прага и Копар каде стигна до второто коло. Не учествуваше на Ролан Гарос поради повреда, додека на Вимблдон испадна во првото коло. На УС Опен ја победи тогашната број 1 светска носителка Динара Сафина во трето коло за да во наредното испадне од Јанина Викмаер. На турнирот во Линц, Квитова се пласира и по вторпат во финале таа сезона. Како и на US Open, пак беше поразена од Јанина Викмаер.

2010[уреди | уреди извор]

На Австралиен Опен 2010. стигна до второто коло каде што беше поразена од Серена Вилијамс која таа година го освои турнирот. На турнирот во Мемфис стигна до полуфинале каде што загуби од Марија Шарапова, кога го освои тој турнир. Потоа се пласира во второто коло на турнирот во Индиан Велс и на турнирот во Мајами. На Вимблдон 2010. Квитова ги победи Сорана Кирстеу, Женг Ѓи, Викторија Азаренка. Во осмина финале ја победи Каролина Возниаки, додека во беше подобра од Каја Канепи спасувајќи пет меч топки и враќајќи се од 0-4 во третиот сет. Во полуфиналето беше победена од тогашната најдобра светска тенисерка и бранителка на титулата Серена Вилијамс со резултат 7-6(5), 6-2. По овој турнир таа се искачи во топ 30 најдобри светски тенисерки. По Вимблдон следуваше низа на лоши резултати. Квитова загуви во прво коло на турнирот во Копар, Истанбул, Копенхаген, Монтреал и Њу Хејвен. На US Open врза две победи, против Луција Хардецке и Елена Балтаче, но во третото коло загуби од Ким Клајстерс.

2011[уреди | уреди извор]

Петра Квитова со Вимблдонскиот трофеј 2011

Квитова во 2011 започна со освојување на својата втора WTA титула во кариерата со победа на турнирот во Бризбејн. Ова ја доведе до 28. место на WTA листата. Како 25. носител на Австралиен Опен, Квитова во прво коло ја победи Сали Пирс со резултат 6-2, 6-4, а во второто - Ана Чакветадзе со резултат 6-3, 6-4. Во третото го надигра и петтиот носител Саманта Стосур со резултат 7-6, 6-3. Во осмина финале ја победи Флавија Пенета со 3-6, 6-3, 6-3. Во четвртфиналето загуви од Вера Звонарева со 6-2, 6-4. Овој резултат ја доведе во најдобрите 20 во светот. На турнирот во Париз ја освои втората титула во ова сезона со победа над Ким Клајстерс во финалето (6-4, 6-3). По овој успех, се искачи на 14. место на WTA листата. Со победите над Кристен Флипкенс и Јанина Викмаер, и овозможи финале на Фед куп екипата на Чешка. Победата над Александра Дулгеру, Шанел Схеперс, Вера Звонарева, Ли На и Викторија Азаренка стигна и до својата трета титула на отвореното првенство во Мадрид. Овој пласман ја доведе во топ 10 светиски тенисерки. Како деветти носител на Ролан Гарос, ги победи Грета Арн, Џенг Ѓе и Вања Кинг, за да во осмина финале загуби од Ли На, 2-6, 6-1, 6-3. На турнирот во Истборн како осми носител стигна до финале каде загуби од Марион Бартоли. Како осми носител на Вимблдон ја освои првата гренд слем титула. На патото до финалето ги победи Алекс Глач, Ен Киотавонг, Роберта Винчи, Јанина Викмаер, Цветана Пиронкова, Викторија Азарена и во финалето Марија Шарапова со резултат 6-3, 6-4.

Гренд Слем Финалиња[уреди | уреди извор]

Исход Година Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 2011 Вимблдон Трева Марија Шарапова 6-3, 6-4
Победник 2014 Вимблдон Трева Јужени Бушар 6-3, 6-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Петра Квитова на WTA мрежното место