Вимблдон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Championships, Wimbledon
(Вимблдон)
Wimbledon logo.png
Гренд Слем
Локација Вимблдон
Обединето Кралство Обединето Кралство
Подлога трева / отворено
Учесници (мажи) 128 п / 128 кв. / 64 дв.
Учесници (жени) 128 п / 96 кв. / 64 дв.
Награда £ 20,000,000
Официјална веб-страна
Гренд Слем Турнири

Шампионатот Вимблдон, или многу попознат само како Вимблдон, е најстариот голем турнир во тенис и е општо признат и како најпрестижен во белиот спорт [1].

Се одржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули [2] во период од две седмици (обично завршува, најдоцна, на втората недела во јули) на тениските терени на Ол Ингланд Клубот (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон, Англија. Турнирот е третиот Гренд Слем настан по ред, веднаш по Австралијан Опен и Ролан Гарос, а пред ЈуЕс Опен. Често, како резултат на честите врнежи, самиот настан се оддолжува.

Симултано се одржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај мажите, во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се одржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка.

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Gallery[уреди]

Претходник
Ролан Гарос
Гренд Слем турнир
јуни-јули
Наследник
ЈуЕс Опен