Отворено тениско првенство на Франција
| Tournoi de Roland-Garros (Ролан Гарос) |
||
|---|---|---|
| Гренд Слем | ||
| Локација | Париз |
|
| Подлога | земја / отворено | |
| Учесници (мажи) | 128 п / 128 кв. / 64 дв. | |
| Учесници (жени) | 128 п / 96 кв. / 64 дв. | |
| Награда | €15,264,500 | |
| Официјална веб-страна | ||
| Гренд Слем Турнири | ||
|
||
Отворено тениско првенство на Франција (француски: Tournoi de Roland-Garros), познат и како Ролан Гарос, е голем тениски турнир кој се одржува во текот на две недели меѓу средината на мај и почетокот на јуни во Париз, Франција, на стадионот Ролан Гарос. Тој е втор во низата на Гренд Слем турнирите во годишниот тениски календар и најважниот тениски турнир на земјена подлога во светот. Обично се смета и за втор најзначаен тениски турнир воопшто, веднаш зад неофицијалното светско тениско првенство - Вимблдон, [1] иако во однос на посетеноста и телевизиските преноси е водечки[2] [3]. Поради бавната подлога и мечевите од пет сета во машка конкуренција, без тај-брејк во последниот сет, Ролан Гарос се смета за физички најисцрпувачкиот тениски турнир во светот [4].
Белешки [уреди]
- ↑ Клари, Кристофер. „Промената е неопходна за да се избегне изумирање: Вимблдон: најсаканиот светски диносаурус“. International Herald Tribune. http://www.iht.com/articles/2001/06/30/a20_16.php.
- ↑ „Ден 15 - прес конференција со управата на турнирот“. rolandgarros.com. http://2007.rolandgarros.com/en_FR/news/interviews/2007-06-10/200706101181479459046.html.
- ↑ „Ролан Гарос: настан отворен во текот на целата година. Телевизиска покриеност“. ftt.fr. http://www.fft.fr/rolandgarros/default_en.asp?id=2293.
- ↑ Клари, Кристофер. „Во годината за промени на Ролан Гарос, победниците може да останат исти“. International Herald Tribune. http://www.iht.com/articles/2006/05/26/news/preview.php.
Надворешни врски [уреди]
- Официјално веб-место
- Ролан Гарос на France2 (француски)
- Ролан Гарос на ina.fr : повеќе од 600 часа со аудио/видео архива (француски)
- Сателитска слика на околината (Google Maps)
- Фотографии од Ролан Гарос
| Претходник Австралијан Опен |
Гренд Слем турнир мај-јуни |
Наследник Вимблдон |