Ролан Гарос (пилот)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ролан Гарос француски пилот |
|
| Сликано во Тунис, по прелетот преку Медитеранот, во 1913 година. | |
| Роден/а | 6 октомври 1888 Сен-Дени, Франција |
|---|---|
| Починал/а | 5 октомври 1918 Вузие, Ардени, Франција |
Ролан Гарос (6.10.1888. - 5.10.1918.) (фран. Roland Garros) бил еден од првите француски пилоти и пилот на воен авион во текот на Првата светска војна. Летачката кариера ја започнал во 1909. со авион од типот Демоизел. Во 1911 почнал да се натпреварува на повеќе европски трки со авиони. Станал познат откако го прелетал Медитеранот од Фрежу во Франција до Бизерта во Тунис. Следната година се приклучил на француската војска на почетокот на војната.
Во 1915 принудно слетал на германска територија и бил заробен од германската војска. Избегал од камп за воени заробеници во фебруари 1918 и повторно се придружил на француската војска. На 5. октомври истата година неговиот авион бил урнат од непријателски оган при што Гарос загинал, во близина на Вузие во областа на Ардените во Франција.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |