Цветана Пиронкова

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цветана Пиронкова
Tsvetana Pironkova 2011-06-14 B portrait.jpg
Цветана Пиронкова во 2011
Земја  Бугарија
Место на живеење Пловдив, Бугарија
Роден на 13 септември 1987
Роден во Пловдив
Висина 1.80 m
Професионалец 2002
Игра со десна рака
Заработка $1,384,654
Синглови
Победи-порази 269–153
Титули 0 WTA, 6 ITF
Највисок дострел No. 31 (13 септември 2010)
Моментално место No. 44 (18 јули 2011)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен 2R (2006, 20082011)
Ролан Гарос 2R (2006, 2008, 2011)
Вимблдон SF (2010)
УС Опен 2R (2007, 2010)
Во двојки
Победи-порази 10–20
Титули во кариера 0 WTA, 0 ITF
Највисок дострел No. 141 (23 март 2009)
Last updated on: 15 ноември 2010.

Цветана Кирилова Пиронкова (бугарски: Цветана Кирилова Пиронкова; Пловдив, Бугарија, 13. септември 1987.) е професионална тенисерка.

Кариера[уреди]

Родена е во спортско семејство. Такто и, Кирил Пиронков (на бугарски : Кирил Пиронков) бил шампион на Бугарија во кану, а мајка и Радосвета Пиронкова (на бугарски : Радосвета Пиронкова) била балкански и бугарски првак во пливање.
Научила да игра тенис во својата четврта година. Првиот учител и бил татко и. Во шестата гдина започна да игра на јуниорските турнири во Бугарија. Во август 2002. четиринаестгодишната Пиронкова во Букурешт учествуваше на својот прв ИТФ турнир, каде загуби во финале од Моника Никулеску. Во септември истата година, во Волос, ја освои својата прва ИТФ титула победувајќи ја во финалето Тина Шмасаман (на германски : Tina Schmassmann). Во мај 2005. година, седумнаесетгодиншната Пиронова учествуваше на својот прва WTA турнир во Истамбул, каде што загуби во полуфинале од Венус Вилијамс. Во јануари наредната година, и се реваншира на Венус со победа во првото коло на отвореното првенство на Австралија.
Во 2007. година, Пиронкова не успеа да го помине првото коло на три гренд слем турнири (отвореното првенство на Австралија, отвореното првенство на Франција и Вимблдон), додека на отвореното првенство на САД беше поразена во второто коло од тогашната број 1 во женскиот тенис - Жастин Енен.
На отвореното првенство на Австралија во 2008., загуби во второто коло од Светлана Кузњецова. Истата година, на мастерс тунирот во Рим, изненади со победата на тогашниот трети носител - Ана Ивановиќ. Поради тоа што Викторија Азаренка го предаде мечот во третото коло, Пиронкова во четвртфинале загуби од Ана Чакветадзе.
Најдобриот резултат во својата кариера го реализираше во јуни 2008., кога го зазеде 40. место на WTA листата.
На летните олимски игри во Пекинг, загуви во второто коло од Доминика Цибулкова.
Во 2009. година на турнирот Мурил Хобар интернешенал стигна до четвртфинале, каде загуби од Виржини Разано. На турнирот Андалузија Тенис Експириенс истата година, каде беше поставена за 8. носител, загуби во првото коло од Роберта Винчи. На првите два гренд слем турнири во 2009., не стигна подалеку од второт коло, односно првото коло. На Вимблдон загуби во првото коло од Џил Крејбас, додека на US Open исто така во прво коло од 29. носител - Марија Шарапова.

Пласман на WTA листата на крајот од сезоните[уреди]

Година 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008
Пласман 553 344 295 88 62 95 46

Надворешни врски[уреди]

ИТФ Профил