13 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
13 септември е 256-иот ден во годината според григоријанскиот календар (257-и во престапна година). Остануваат 109 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1924 | Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење |
| 1924 | Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен Штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација |
| 1995 | Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи. |
| 1995 | Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина. |
Родени:
| 1874 | Арнолд Шенберг, аврстиски композитор. |
| 1941 | Ахмед Сезер, претседател на Турција. |
| 1949 | Павлина Климкар - Меанџиева, македонски поет. |
| 1976 | Ивица Антески, македонски поет. |
| 1987 | Цветана Пиронкова, бугарска тенисерка. |
Починале:
| 1336 | Јован, Ерл од Корнвол. |
| 1409 | Изабела Валоа, кралица на Англија. |
| 1592 | Мишел де Монтењ, француски писател. |
| 1598 | Филип II, шпански крал. |
| 1872 | Лудвиг Андреас Фоербах, германски философ. |
| 1924 | Димо Хаџи Димов, македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица. |
| 1924 | Владислав Ковачев, македонски револуционер. |
| 1989 | Стерјо Спасе, македонски писател од Албанија. |
| 1993 | Јон Исаја, македонски артист. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |