Лудвиг Фојербах

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лудвиг Андреас Фојербах

Лудвиг Андреас Фојербах (28 јули 1804 - 13 септември 1872 е германски философ. Во своите списи постепено се одвојувал од младохегеловците чии гледишта во почетокот ги застапувал, а кои биле изразито идеалистички сосредоточени на развивањето на идеите што Хегел ги изложил во философијата на духот, во која централен поим била самосвеста. Потоа дефинитивно застанал на материјалистички позиции, признавајќи ја објективната реалност на светот, неговата првичност и неговиот развиток, кој довел до појавата на човекот. предметите и појавите дејствуваат на човековите сетилни органи и како резултат на тоа се појавува психичкиот и духовниот живот. Дури кај него може да се најде такво тврдење дека „човекот е она што го јаде“. Оттука е несомнен неговиот материјализам во онтологијата и сензуализмот и емпиризмот во теоријата на познанието.