24 септември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | септември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
24 септември е 267-иот ден во годината според григоријанскиот календар (268-и во престапна година). Остануваат 98 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под доминација на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон VII. |
| 1908 | Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени. |
| 1941 | Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканската унија, Советскиот Сојуз и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската. |
| 1993 | Во Монте Карло, во Кнежеството Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство како 195-ти член. |
Родени:
| 1945 | Владимир Глигоров, македонски економист. |
| 1949 | Педро Алмодовар, шпански режисер и сценарист. |
| 1981 | Игор Крајчев, македонски писател и поет. |
| 1982 | Стеф Клемент, холандски велосипедист. |
Починале:
| 1835 | Винченцо Белини, Италијански оперски композитор. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |